Спорт
Арсенал брка историја во Лондон, Атлетико има намера да им ја расипе прославата

Стадионот „Емирати“ во Лондон е подготвен за ново поглавје во историјата на Арсенал. Вечерва во 21 часот тимот на Микел Артета има можност да стигне до јубилејната, стота победа во Лигата на шампионите, додека Атлетико Мадрид ќе се обиде да им ги расипе плановите.
На европската сцена оваа година, Арсенал влезе според планираното, максимален настап по првите две кола, четири постигнати гола и ниту еден примен гол. По рутинските 2:0 против Билбао и Олимпијакос, англискиот тим, со максимални шест бода, се приклучи на елитната група на непоразени клубови, додека е единствениот заедно со Интер кој досега не капитулирал.
Особено фасцинантни се нивните дуели со шпанските клубови, кои велат дека Арсенал победил дури шест последователни натпревари во Лигата на шампионите, што ниту еден европски гигант не го успеал. И, ако на тоа го додадеме фактот дека „топџиите“ не примиле гол дома во групната фаза во последните 11 натпревари, јасно е зошто улогата на фаворит му беше препуштена на тимот на Микел Артета.
Сепак, од друга страна, во северен Лондон пристигнува ривал кој живее за вакви моменти. Особено поради тоа кој им седи на клупата… По несреќниот пораз од Ливерпул (2:3), тимот на Диего Симеоне го фати моментумот во последното коло од Лигата на шампионите, го декласира Ајнтрахт со 5:1.
Со тоа, шпанскиот великан докажа колку е силно мотивиран на меѓународната сцена, каде што навистина сака да направи пробив. Но, останува да се види како ќе одговорат на вечервашниот предизвик, со оглед на нивната многу скромна форма на гостувањата оваа сезона – без победа, со два порази и три нерешени резултати.
Последниот натпревар меѓу овие ривали, одигран во Лондон (во 2018 година), заврши со резултат 1:1. Тоа беше полуфинален натпревар од Лигата на Европа, а по два натпревари и реваншот во Мадрид (1:0), шпанскиот тим се пласираше понатаму и подоцна го крена трофејот во финалето.
Лига на шампиони на УЕФА, 3-то коло
Вторник:
Барселона – Олимпијакос (18.45 часот)
Каират – Пафос (18.45)
Арсенал – Атлетико Мадрид (21 часот)
Баер Леверкузен – Париз Сен Жермен (21)
Копенхаген – Борусија Дортмунд (21)
Њукасл – Бенфика (21)
ПСВ – Наполи 21
Унион Сен Жил – Интер (21)
Виљареал – Манчестер Сити (21)
Среда:
Атлетик Билбао – Карабаг 18.45 (часот)
Галатасарај – Бодо Глимт 1(8.45)
Аталанта – Славија Прага (21 часот)
Баерн – Клуб Бриж (21)
Челзи – Ајакс (21)
Ајнтрахт Франкфурт – Ливерпул 21
Монако – Тотенхем (21)
Реал Мадрид – Јувентус (21)
Спортинг Лисабон – Олимпик Марсеј (21)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба (повторно) се повреди

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, повторно е повреден.
Австриецот има проблем со повредите од декември 2023 година, кога го повреди коленото и беше надвор од игра една година.
Потоа, по враќањето, имаше бројни проблеми со мускулите, што е случај и сега.
Алаба доби шанса против Хетафе, но си одигра само едно полувреме поради болки во мускулите. Денешните тестови покажале дека мора да направи кратка пауза.
Медиумите од Мадрид пишуваат дека е очигледно, дека Алаба не може да се врати во вистинската форма и дека оваа повреда е уште една потврда дека за него нема место за следната сезона.
Тој е во последната година од договорот и ја има втората најголема плата, бидејќи пристигна како слободен агент, па Реал нема намера да му понуди нов договор.
Освен него, за претстојното „Ел Класико“ ќе недостасуваат и Антонио Ридигер, Дани Карвахал, додека Дин Хаусен е знак прашалник.
Натпреварот Раел Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.
Спорт
Шон Дајч официјално ги презеде „шумарите“

Нотингем Форест го назначи поранешниот менаџер на Барнли и Евертон за свој нов главен тренер. Шон Дајч (54) го наследи Ангелос Постекоглу во Форест, кој беше отпуштен пред неколку дена по скромните резултати оваа сезона. Дајч потпиша договор со „шумарите“ до 2027 година.
Шон Дајч е третиот тренер кој ќе го предводи Нотингем Форест од стартот на сезоната.
Постекоглу беше отпуштен по само 39 дена, а последната капка беше поразот од Челзи со 3:0 на „Сити Граунд“. Со само 4 освоени бода од првите шест кола, тоа беше најлошиот почеток на сезоната во историјата на Нотингем ако зборуваме за Премиер лигата. Пред Постекоглу, отказ доби Нуно Еспирито Санто, тој замина поради несогласувањата со сопственикот на клубот.
Поранешниот менаџер на Барнли, Евертон и Вотфорд ќе има шанса да дебитира за својот нов клуб во четврток кога ќе се соочат со Порто во Лига Европа.
Спорт
Почнува 80. сезона во НБА-лигата

Во ноќта меѓу 21 и 22 октомври ќе започне 80-та сезона во НБА лигата. Шампионатото ќе го отворат актуелните шампиони Оклахома против Хјустон, засилен со Кевин Дурант, а нешто подоцна ќе се сретнат Голден стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс.
Првиот дел од 80-та МНА сезона ќе биде на програмата до 12 април, а во меѓувреме ќе се игра и НБА Купот. Започнува за десет дена и ќе трае до средината на декември.
Ол-стар натпреварот ќе се игра на 15 февруари во Инглвуд, Калифорнија, во салата на Лос Анџелес Клиперс.
Плеј-инот и плеј-офот започнуваат кон средината на април, а доколку финалната серија се игра во седум натпревари, шампионот ќе биде познат на 21 јуни 2026 година.