Спорт
Тајна средба помеѓу Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо се сретнаа далеку од очите на јавноста во Ријад.
Ѓоковиќ беше во Ријад минатата недела, каде што беше дел од егзибицискиот турнир „Шест кралеви“, а Роналдо долго време игра за Ал Наср во истиот град.
Новак не блескаше на теренот, му го предаде натпреварот за третото место на Тејлор Фриц, но надвор од теренот имаше и многу работа.
Имаше средби со великани како што е Шакил О’Нил, со кого беше на прес-конференција, а сега се појави слика од средбата со Кристијано Роналдо.
Србинот и Португалецот се познаваат долго време и можно е само да разговарале во друштво на пријатели, но со оглед на сè почестите маркетиншки потфати и инвестиции на Ѓоковиќ, дури и во светот на фудбалот, можно е темата да била и бизнис.
За што точно разговарале? Ќе мора да почекаме првото јавно обраќање на Ѓоковиќ или Роналдо за да дознаеме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба (повторно) се повреди

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, повторно е повреден.
Австриецот има проблем со повредите од декември 2023 година, кога го повреди коленото и беше надвор од игра една година.
Потоа, по враќањето, имаше бројни проблеми со мускулите, што е случај и сега.
Алаба доби шанса против Хетафе, но си одигра само едно полувреме поради болки во мускулите. Денешните тестови покажале дека мора да направи кратка пауза.
Медиумите од Мадрид пишуваат дека е очигледно, дека Алаба не може да се врати во вистинската форма и дека оваа повреда е уште една потврда дека за него нема место за следната сезона.
Тој е во последната година од договорот и ја има втората најголема плата, бидејќи пристигна како слободен агент, па Реал нема намера да му понуди нов договор.
Освен него, за претстојното „Ел Класико“ ќе недостасуваат и Антонио Ридигер, Дани Карвахал, додека Дин Хаусен е знак прашалник.
Натпреварот Раел Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.
Спорт
Шон Дајч официјално ги презеде „шумарите“

Нотингем Форест го назначи поранешниот менаџер на Барнли и Евертон за свој нов главен тренер. Шон Дајч (54) го наследи Ангелос Постекоглу во Форест, кој беше отпуштен пред неколку дена по скромните резултати оваа сезона. Дајч потпиша договор со „шумарите“ до 2027 година.
Шон Дајч е третиот тренер кој ќе го предводи Нотингем Форест од стартот на сезоната.
Постекоглу беше отпуштен по само 39 дена, а последната капка беше поразот од Челзи со 3:0 на „Сити Граунд“. Со само 4 освоени бода од првите шест кола, тоа беше најлошиот почеток на сезоната во историјата на Нотингем ако зборуваме за Премиер лигата. Пред Постекоглу, отказ доби Нуно Еспирито Санто, тој замина поради несогласувањата со сопственикот на клубот.
Поранешниот менаџер на Барнли, Евертон и Вотфорд ќе има шанса да дебитира за својот нов клуб во четврток кога ќе се соочат со Порто во Лига Европа.
Спорт
Почнува 80. сезона во НБА-лигата

Во ноќта меѓу 21 и 22 октомври ќе започне 80-та сезона во НБА лигата. Шампионатото ќе го отворат актуелните шампиони Оклахома против Хјустон, засилен со Кевин Дурант, а нешто подоцна ќе се сретнат Голден стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс.
Првиот дел од 80-та МНА сезона ќе биде на програмата до 12 април, а во меѓувреме ќе се игра и НБА Купот. Започнува за десет дена и ќе трае до средината на декември.
Ол-стар натпреварот ќе се игра на 15 февруари во Инглвуд, Калифорнија, во салата на Лос Анџелес Клиперс.
Плеј-инот и плеј-офот започнуваат кон средината на април, а доколку финалната серија се игра во седум натпревари, шампионот ќе биде познат на 21 јуни 2026 година.