Свет
(Видео) Во тешка несреќа со повеќе возила загинаа над 60 лица во Уганда
Teшка сообраќајна несреќа се случи на еден од главните автопати во Уганда, пришто животот го загубија 63 лица, потврди полицијата. Трагедијата се случила на автопатот Кампала-Гулу, еден од најпрометните во земјата, пишува Би-Би-Си.
Според полицискиот извештај, несреќата се случила 15 минути по полноќ по локално време. Два автобуси што се движеле во спротивни насоки се судриле челно додека се обидувале да избегнат камион и автомобил. Еден од автобусите одеднаш скршнал за да избегне судир, но со тоа предизвикал „фронтален и страничен судир“ што започнал „верижна реакција“. Во хаосот што следел, другите возила ја изгубиле контролата и се превртеле.
🔴 At least 63 dead in #Uganda bus crash
A tragic road accident involving two buses on one of Uganda’s busiest highways has killed at least 63 people and left several others injured, authorities confirmed on Wednesday. The crash occurred shortly after midnight on the highway… pic.twitter.com/ZS0jPbUV0m
— News.Az (@news_az) October 22, 2025
Покрај загинатите, повредени се и голем број патници од сите вклучени возила, кои се однесени во болница во градот Кирјандонго. Полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности на несреќата. Тие ги предупредија возачите да избегнуваат „опасно и невнимателно престигнување“, посочувајќи дека таквото однесување е „една од водечките причини за сообраќајни несреќи во земјата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

