Спорт
Ништо од планираните милиони, Барселона се „дави“ во долгови

Откажувањето на натпреварот што Барселона требаше да го игра во Мајами со Виљареал му нанесе тежок финансиски и маркетиншки удар на каталонскиот клуб, кој веќе ги започна подготовките за патување во САД.
Натпреварот беше планкиран како промотивен на шпанската Ла Лига и шпанскиот фудбал во Северна Америка, поради што лигата силно го поддржа неговото одржување.
За Барселона, средбата претставуваше важен стратешки чекор во зајакнувањето на нејзиното присуство на американскиот пазар, со конкретни продобивки во делот на финансиите и имиџот на клубот.
Ова требаше да биде важен финансиски поттик за Каталонците, кои со години се во проблеми и им должат речиси 160 милиони евра на други клубови за трансфери, а доколку не платат 140 до крајот на сезоната, нема да можат да носат и регистрираат нови засилувања.
Според проценките, Барселона би можела да заработи помеѓу пет и шест милиони евра од организаторите на настанот, иако точната сума не беше утврдена бидејќи зависеше од неколку фактори.
Еден од нив беше приходот од продажба на билети.
До моментот на откажувањето, околу 70.000 билети беа резервирани за натпреварот на стадионот „Хард Рок“, што би претставувало историски рекорд за интерес за фудбалски дуел во тој објект.
Сè укажуваше на распродаден стадион и спектакл што ќе привлече внимание низ целите САД. Покрај приходите од билети, клубот сметаше и на приходи од промотивни активности на спонзорите.
Главниот партнер на Барселона, „Spotify“, веќе планираше серија маркетиншки настани што ќе го придружуваат престојот на тимот во Америка.
Финансиската институција „Goldman Sachs“, со која Барселона има силна соработка, исто така покажа интерес.
Банката планираше да ги вклучи своите клиенти во серија настани, не само во Мајами, туку и во Лос Анџелес, Њујорк и Сан Франциско.
Сите овие активности заедно би можеле да му донесат на клубот значителна економска корист, иако помала од онаа што би била обезбедила со играњето на натпреварот. Од спортска страна, натпреварот би донел и одредени предности за Барселона.
Наместо да гостува кај Виљареал на стадионот „Ла Серамика“, тимот би играл на неутрален терен.
Сепак, оваа „неутралност“ би била само формална, бидејќи организаторите очекуваа дека најголем дел од гледачите би биле навивачи на Барселона.
И токму овој фактор беше главниот повод за големиот протест на играчите и клубовите од Ла Лига, особено од редовите на најголемиот ривал Реал Мадрид.
„Тоа е јасно кршење на правилата на натпреварувањето. Сите тимови нема да се натпреваруваат во исти услови“, коментираше 33-годишниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, по најавата за натпреварот во Мајами.
Поради притисокот од јавноста, Ла Лига го откажа спектаклот во Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) АЕК Ларнака сензационално победи кај Кристал Палас

Фудбалерите на АЕК од Ларнака го направија најголемото изненадување во Конференциската лига. Во второто коло тие го победија Кристал Палас на гостински терен со минимален резултат (0:1).
АЕК стигна до својот втор триумф во исто толку натпревари во третото по ранг натпреварување на УЕФА.
И тоа ни помалку ни повеќе туку на „Селхерст Парк“ против победникот на овогодинешниот Комјунити Шилд, актуелниот шампион на ФА Купот и во моментов еден од најдобрите тимови во Англија.
Единствениот гол на натпреварот беше виден на почетокот од второто полувреме кога домашниот дефанзивец, Жејда Канво направи голема грешка, а повремениот репрезентативец на БиХ, Раид Бајиќ, кој ја затресе мрежата на Дин Хендерсон и со тоа обезбеди за својот тим она што многу тимови не успеаја да го направат во последно време.
До неодамна „орлите“ имаа серија од 19 натпревари без пораз на официјални натпревари.
Лондонскиот тим ќе се обиде да се врати на победничкиот колосек во следната рунда против АЗ Алкмар на истото место, додека Кипраните ќе го пречекаат Абердин.
Crystal Palace 0-1 AEK LarnacaRiad Bajić 51′
byu/atbg1936 insoccer
Конференциска лига 2.коло
АЕК – Абердин 6:0 (3:0)
(Коита 11, 18, Елисон 27, Марин 55, Јовиќ 81, Кутеша 87)
АЗ Алкмар – Слован Братислава 1:0 (1:0)
(Мајнејс 44)
Хакен – Рајо Ваљекано 2:2 (1:1)
(Линдберг 41, Брусберг 55 – Гарсија 15, Рациу 90+13)
Бреидаблик – Купс 0:0
Риека – Спарта Прага 0:0 натпреварот е прекинат поради неверем
Дрита – Омонија 1:1 (1:1)
(Манај 12 – Масурас 45+1)
Шкендија – Шелбурн 1:0 (0:0)
(Беретка 90+2)
Стразбур – Јагелонија 1:1 (0:0)
(Паничели 79 – Позо 53)
Шахјор – Легија 1:2 (0:1)
(Лукас Меирељес 61 – Аугустњак 16, 90+4)
Рапид – Фиорентина 0:3 (0:1)
(Ендур 9, Џеко 48, Гудмундсон 88)
Крајова – Ноа 1:1 (1:0)
(Етим 38 – Мулахусејновиќ 73)
Мајнц – Зрињски 1:0 (1:0)
(Пареа 28)
Хамрун – Лозана 0:1 (0:1)
(Диаките 38)
Линколн – Лех 2:1 (1:0)
(Гомес 38, Рутјенс 86 – Исак 78п)
Самсун – Динамо Киев 3:0 (2:0)
(Мусаба 2, Мариус 34, Холс 62)
Шамрок – Целје 0:2 (0:2)
(Квесиќ 33, Ковачевиќ 40)
Сигма Оломуц – Раков 1:1 (0:0)
(Крал 83 – Сварнас 90)
Спорт
Пораз на Еурофарм Пелистер кај европскиот првак

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во шестото коло го забелажаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Македонскиот првак загуби кај Магдебург 36:26 (19:13).
И пред натпреварот беше дека Еурофарм Пелистер е тотален аутсајдер против актуелниот првак во Лигата на шампиони.
Играчите на Рубен Гарабаја се држеа во првата половина од првиот дел, а потоа домашниот тим започна да ја зголемува предноста, кој на 10 минути до крајот стана двоцифрена.
Кузмановски со шест и младиот Хаџиќ со четири гола беа најефикасни кајПелистер. Магдебург до шестата победа во исто толку натпревари го предводеше магнусон со десет голови.
Пелистер во наредната рунда, на 12 ноември ќе го пречека Пик Сегед.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
(Видео) Го Ахед Иглс ја победија фаворизираната Астон Вила

Најголемото изненадување во првиот термин од 3. коло на Лига Европа дефинитивно го направи Го Ахед Иглс. Холандскиот преставник ја победи фаворизираната Астон Вила со 2:1.
Натпреварот на стадионот „Де Аделаршорст“ во Холандија започна лошо за домашниот тим. Во четвртата минута Гесанд погоди за водство на Астон Вила.
Во самиот финиш на првото полувреме по центашутот на Твихт, Сари успеа да избега од комплетната одбрана на премиерлигашот и го совлада голманот на Астон Вила.
Холанѓаните го комплетираа пресвртот во 61-та минута кога Дејл го совлада Емилијан Мартинез по втор пат.
Резултати: Бран – Ренџерс 3:0, ФЦСБ – Болоња 1:2, Фенербахче – Штутгарт 1:0, Генк – Бетис 0:0, Лион – Базел 2:0 и Салцбург – Ференцварош 1:3.