Спорт
(Видео) Тандери уште еднаш победија по две продолженија – Шеј броеше до 55
Оклахома Сити Тандер, актуелните шампиони на НБА лигата, славеа на гостински терен по две продолженија против тимот на Индијана со резултат 141:135.
Ова е втор пат за три дена, на стартот од сезоната, Тандер да играат две продолженија. И двата пати славеа победи.
Најефикасен во тимот на Оклахома, во реприза на финалето од минатата сезона, беше Шеј Гилџес-Александер со 55 поени, осум скока и пет асистенции.
Аџај Мичел додаде 26 поени, Арон Вигинс забележи 23 поени и девет скока, додека Чет Холмгрен имаше 15 поени и 12 скока.
Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 36 поени и 11 скока, а Паскал Сиакам додаде 32 поени и 15 скока. Оби Топин постигна 20 поени.
Оклахома, актуелниот шампион на НБА лигата ја забележа втората победа во сезоната и против Хјустон победата беше изборена по две продолженија, додека за Индијана ова беше првиот натпревар во сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Волејот на Доргу му пресуди на Њукасл
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 1:0 во 18-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“, победија на „Олд Трафорд“ по повеќе од два месеци, беа во серија од три натпревари без победа.
Манчестер Јунајтед беше подобриот противник во првото полувреме и ги искористи шансите што им се укажаа.
Матеус Куња имаше шанса, но беше запрен од Рамсдејл, меѓутоа, неколку десетици секунди подоцна, по одбиена топка, Доргу фати волеј и ја „искина“ мрежата.
THAT VOLLEY FROM DORGU 😮💨🔥 pic.twitter.com/QVAi1hQWvZ
— Goals ⚽ 🥅 (@goalplus) December 26, 2025
Второто полувреме му припадна на Њукасл. „Страчките“ нападнаа, а Хол имаше одлична шанса кога ја погоди пречката.
Гостите можеа да израмнат на крајот од 90-та минута, кога топката стигна до Мајли во шеснаесетникот, но тој шутираше над пречката.
Со овој триумф, Манчестер Јунајтед ја презеде петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода, додека Њукасл е 11-ти со 23.
Foto/ depositphotos
Спорт
Жестока казна за Марко, му рекол на судијата дека е „ку..ин сим“
Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0.
Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон.
Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот.
Шпанската фудбалска федерација му изрече жестока суспензија на фудбалерот на Севилја. Маркако ќе отсуствува во наредните шест натпртевари.
Во образложението стои дека по еден натпревар суспензија добил поради исклучувањето и неспортското однесување, а четири натпревари суспензија добил поради навреда упатена кон судијата.
Тој ќе ги пропушти средбите со Леванте, Селта, Елче, Атлетик Билбао, Мајорка и Џирона, и нема да му биде достапен на тренерот Матијас Алмеида до 15 февруари, кога Севилај ќе игра против Алавес.
Спорт
(Видео) Макаби среде Белград го прегази Партизан, Тајрик Џонс жестоко се расправаше со навивачите
Кошаркарите на Партизан доживеака уште еден дебакл во Евролигата. На домашен терен, загубија во 18-то коло од Макаи со 87:112.
Партизан, на овој меч повторно го собори негативниот клупски рекорд, прими најмногу поени во еден натпревар во Евролигата. Во претходното коло, црно-белите примија 109 поени.
На клупата на Партизан дебитираше Џоан Пењароа, а на теренот Камерон Пејн, кој со 15 поени беше најефикасен играч кај домашниот тим.
Навивачите, пред во текот и по натпреварот беа гласни во свирежите кон некои играчи и клупското раководство.
Во главна улога беше Тајрик Џонс, кој по завршувањето на натпреварот влезе во вербална и речиси физичка пресметка со навивачите.
Tajrik Džons se nakon meča Partizana i Makabija našao u raspravi s publikom.#kkp #kkpartizan pic.twitter.com/A9YthpP7e5
— Meridian Sport Srbija (@meridiansportrs) December 26, 2025
На Џонс не му се допаднаа свирежите, затоа беше во центарот на вниманието, покажувајќи му на некого од трибините да слезе и да се соочи со него.

