Црна хроника
Расчистени три измами со лажни сообраќајни незгоди во Битола, поднесена кривична пријава
По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе да измамат 92-годишен битолчанец.
Делото го сториле на тој начин што другото лице телефонски им се јавило и ги довело во заблуда дека нивни блиски направиле сообраќајна несреќи и доколку не сакаат да одат во затвор ќе треба да им платат одредена сума на пари. Битолчанката на возраст од 88 години и 67-годишниот битолчанец им дале 54.000, односно 900 евра и 22.000 денари, а парите ги земал првопријавениот. Додека, 92-годишникот откако тргнал да ги однесе парите на договореното место, бил спречен од неговите син и снаа.
По преземени мерки, истиот ден во 17:10 часот во Битола, полициски службенци од СБР Битола го лишиле од слобода Б.А. и при преглед кај него пронајдени се мобилен телефон и паричник со пари кои потекнуваат од кривичните дела. Со него е извршен службен разговор, при што го признал делата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовци направиле лажна сообраќајка за да земат осигурување
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“.
На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција.
Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.
Црна хроника
Претепал 17-годишна девoјка од Струга: уапсен маж од Тетовско
Утрово во 02:30 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од тетовско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека физички нападнал 17-годишна девојка од Струга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Црна хроника
Уапсени две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово.
При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи.
Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2.053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

