Спорт
(Видео) Лосон за малку ќе ги прегазеше маршалите за време на трката
Ландо Норис победи во една од највозбудливите трки оваа сеозна во шампионатото на Формула 1. Братанецот ја освои Големата награда на Мексико, пред Шарл Леклер и Макс Ферстапен и го презеде водството во генералниот пласман. Норис има 357 поени, еден повеќе од колегата Оскар Пјастри и 36 од Ферстапен.
Норис доминантно го освои Мексико, но во текот на целата трка се водеа борби за што подобри позиции во редоседот.
По завршувањето на трката, возачот на Рејсинг Булс, Лиам Лосон, откри дека се случил инциент што не беше забележан во телевизискиот пренос.
Возачот од Нов Зеланд поради проблеми со болидот не стигна до целта, но во моментот додека бил на патеката ќе доживеел фатален инцидент кога двајца стјуарди истрчале на патеката веднаш пред неговиот автомобил.
Опасната ситуација се случила во третиот круг од трката, додека возачот на Рејсинг Булс се враќал на патеката по раното запирање во боксот за промена на предното крило.
„Се шегуваш? Го виде ли тоа? Можев да ги убијам!“, извикал Лосон преку тимското радио на својот инженер за време на трката. По трката, возачот од Нов Зеланд рекол дека бил шокиран од она што го видел.
„Искрено, не можев да поверувам. Излегов од боксот со новите тврди гуми, дојдов до првата кривина и видов двајца луѓе како трчаат преку патеката. За малку ќе удрев во еден од нив, беше неверојатно опасно“.
Лосон додаде дека никогаш порано не видел слична ситуација во Формула 1.
„Очигледно имаше недоразбирање, но тоа е неприфатливо. Не разбирам како стјуардите можат да трчаат на патеката додека трката е во тек. Сигурен сум дека ќе добиеме објаснување, но нешто вакво не смее да се случи повторно.“
There were Marshalls CROSSING the track during Liam Lawson's lap…….pic.twitter.com/wV7fWxnvsx
— RBR Daily (@RBR_Daily) October 26, 2025
🚨 Momento de riesgo en el GP de México: dos marshalls cruzaron la pista mientras Liam Lawson se aproximaba a gran velocidad.
La acción generó preocupación en el paddock. #F1Mexico #GPMéxico #LiamLawson #F1 #SeguridadEnPista pic.twitter.com/aHDRStgqkk
— ABC Deportes MX (@abc_deportes_mx) October 26, 2025
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) веднаш започна истрага за инцидентот. Во соопштението, тие наведоа дека маршалите биле ставени „во состојба на подготвеност“ поради остатоци во првата кривина.
„Во третиот круг, маршалите биле предупредени и подготвени да влезат на патеката за да ги отстранат деловите, откако сите автомобили поминале. Кога стана јасно дека Лосон влегол во боксот, упатството било повлечено, а во тој сектор биле прикажани двојни жолти знамиња“, објави ФИА.
„Сè уште истражуваме што се случило по тој момент.“
Инцидентот предизвика бројни реакции во заедницата на Ф1, со оглед на тоа што безбедноста на стјуардите и возачите е еден од клучните приоритети на спортот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флег игра чудесна руки сезона во НБА лигата
Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона.
Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари.
Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои беа поразени во сите тие натпревари, но јасно укажува дека Флег е сегашноста и светлата иднина на клубот.
Последните три натпревари на Флег:
49 поени, 10 скока, 3 асистенции (пораз од Шарлот Хорнетс 121:123)
34 поени, 12 скока, 5 асистенции (пораз од Хјустон Рокетс 107:111)
36 поени, 9 скока, 6 асистенции (пораз од Бостон Селтикс 100:110)
Заедно со оваа статистика, НБА наведува дека Флег, роден на 21 декември 2006 година, стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој одиграл три последовни натпревари со 30+ поени.
Исто така, само четворица тинејџери во НБА имале повеќе од еден одигран натпревар со 30+ поени, 5+ скока и 5+ асистенции. Тоа се Леброн Џејмс (4 такви натпревари), Кевин Дурант (2) и Лука Дончиќ (2).
Со своите неодамнешни 49 поени, тој го постави рекордот во НБА за бројот на постигнати поени од тинејџер во еден натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.

