Свет
Нетанјаху бесен: „Хамас ни ги врати останките од веќе закопан заложник“
Останките вратени од Хамас синоќа му припаѓаат на заложник кој веќе е погребан во Израел, а не на еден од 13-те починати заложници што сè уште се држат во Газа, потврдија денес израелските власти. Овој потег предизвика остра реакција, а премиерот Бенјамин Нетанјаху најави итен состанок за да се разговара за одговорот на Израел, објави „Ерусалим пост“.
Можните мерки што Израел би можел да ги преземе беа дискутирани со американските претставници во последните денови. „Ова не може да остане без одговор“, изјави висок израелски извор за „Ерусалим пост“.
Останките беа префрлени на израелска територија од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во понеделникот вечерта и пристигнаа во Националниот институт за судска медицина во Абу Кабир околу полноќ за идентификација.
Член на бригадите Изадин ал-Касам на Хамас за „Ал џезира“ изјави дека останките биле пронајдени за време на ископувања во населбата Туфах во градот Газа, област што моментно се наоѓа на страната на Хамас од линијата за демаркација според договорот за прекин на огнот.
Хамас исто така ги информира арапските посредници дека работи на ексхумација на останките од уште седум до девет заложници убиени во Појасот Газа, објави во понеделникот саудискиот весник „Ашарк њуз“.
Предавањето на останките се случи само неколку часа пред истекот на рокот од 48 часа што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за забрзување на враќањето на телата на починатите заложници.
„Хамас ќе мора да почне бргу да ги враќа телата на починатите заложници, вклучувајќи ги и двајцата Американци“, напиша Трамп во својата објава. „Ќе видиме што ќе направат во следните 48 часа. Го следам ова многу внимателно“, рече тој.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Војник облечен како Дедо Мраз со руско знаме на снимка од Мирнохрад – спротивставени тврдења за контролата на градот
Украинските и руските сили објавуваат спротивставени тврдења за контролата врз Мирнохрад, град на првата линија на фронтот североисточно од Покровск. Додека Киев тврди дека ги држи клучните позиции, Москва шири видеа на кои се гледаат руски војници како креваат знамиња во уништени делови од градот, пренесува „Киев Индепендент“.
Украинската армија соопшти дека и понатаму контролира важни точки во Мирнохрад и оцени дека руските видеа се дел од пропагандни акции наменети за домашната публика. Како доказ беа објавени снимки од борбени операции во областа.
Од друга страна, руските државни медиуми и онлајн канали објавуваат видеа на кои наводно се гледаат руски војници како поставуваат знамиња, меѓу кои и снимка со војник облечен како Дедо Мраз. Украинската страна признава дека имало изолирани случаи на тајна инфилтрација на руски групи во централните делови на градот.
🇺🇦🇷🇺 Russian Santa Claus took Myrnohrad and waves the Russian flag pic.twitter.com/OhWQRWcXE1
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 27, 2025
Мирнохрад е сателитски град на Покровск, стратешки важен пункт во Донецката област, каде со месеци траат жестоки борби. Украинскиот Генералштаб ги отфрли руските тврдења за целосна окупација, оценувајќи ги како дел од дезинформациска кампања.
Свет
Имав продуктивен разговор со Путин, рече Трамп пред состанокот со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Соопштението доаѓа пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи подоцна денес во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.
Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции, но без да даде дополнителни детали.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: ОН не направи ништо за да помогне со катастрофата во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа „Тру соушал“ објави дека им честита на лидерите на Тајланд и Камбоџа за постигнатото примирје, кога двете земји се согласија во саботата да ги прекинат неколкудневните гранични конфликти.
Во соопштението, Трамп остро ги критикуваше Обединетите нации, наведувајќи дека организацијата „многу малку помогнала“ во решавањето на глобалните конфликти, додека особено ја истакна „катастрофата што моментално се случува меѓу Русија и Украина“.
„Обединетите нации мора да почнат да стануваат активни и вклучени во светскиот мир!“, рече Трамп.
Се очекува Трамп подоцна денес во својот дом во Мар-а-Лаго да разговара за рамката за мировен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

