Свет
Тројца мажи силувале 18-годишно девојче со часови во Унгарија: нејзиниот познаник снимал
Тројца мажи силувале 18-годишно девојче со часови, по што ѝ испраќале цинични пораки. Полицијата ги уапсила осомничените во рок од 24 часа, објавува Index.hu.
Според соопштението на унгарскиот државен секретаријат за спроведување на законот за брутален злостор, настанот се случило вечерта на 21 октомври.
Деветнаесетгодишниот В. Жолт Јанос, 37-годишниот Д. Атила и 40-годишниот Ј. Виктор ја однеле 18-годишната девојка од главниот плоштад Сечењи во градот во стан. Нејзиниот познаник бил со нив. „Тројцата мажи ги ослободувале своите основни сексуални нагони врз младата жена четири часа“, се наведува во извештајот.
Улогата на познаникот кој бил присутен е особено шокантна. Тој тврдел дека се плашел да ѝ помогне на девојката и признал дека играл игри на компјутер и снимал што се случува со неговиот мобилен телефон за време на злоупотребата.
По часови мачење, двајцата напаѓачи ја извеле девојката од станот и ја оставиле на автобуска станица. Врвот на бездушноста се случил подоцна, кога еден од сторителите ја контактирал жртвата преку социјалните мрежи. Во пораката, тој ѝ пишал дека „не е загрижен“ за можна бременост, иако ниту еден од нив не користел заштита, се истакнува во написите.
По пријавата, полицијата спроведе брза истрага и во рок од само еден ден ги идентификувала и уапсила сите тројца осомничени. Судот им одредил притвор.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Слаб одѕив на светските лидери за климатскиот самит во Бразил, САД без претставник
На климатскиот самит што следната недела ќе се одржи во бразилскиот град Белем, досега учество потврдиле 57 шефови на држави и влади, што е значително помал број во споредба со минатогодишниот COP29 во Азербејџан, на кој присуствуваа 75 лидери, јави Хина.
САД нема да испратат претставници поради повлекувањето од Парискиот договор, додека Кина ќе ја претставува потпретседателот Динг Сјуејсианг. Присуство потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, како и лидерите на Колумбија и Либерија.
Самитот, кој ќе се одржи на 6 и 7 ноември, е подготвителен настан пред конференцијата COP30 (10–21 ноември). Бразилскиот претседател Лула да Силва инсистираше конференцијата да се одржи во Амазонија, симболично нагласувајќи ја нејзината улога во борбата против климатските промени.
Организаторите наведуваат дека ограничениот хотелски капацитет и високите трошоци во Белем создаваат логистички предизвик за очекуваните 50.000 учесници.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.
Свет
Жена обвинета за спектакуларната кражба на накит од Лувр вреден 88 милиони евра
Француската полиција поднесе обвинение против 38-годишна жена осомничена за учество во голема кражба на накит од парискиот музеј Лувр, во која биле украдени предмети вредни околу 88 милиони евра, објави Би-Би-Си.
Жената, која не е именувана, се товари за учество во организирана кражба и злосторничко здружување. Како што јави АФП, таа се расплакала пред судот додека го потврдувала своето живеалиште во париското предградие Ла Курнев.
Во полициската акција биле уапсени вкупно пет лица, од кои едно е ослободено без обвинение, а едно лице кое директно учествувало во грабежот сè уште е во бегство.
Кражбата се случила на 19 октомври, непосредно по отворањето на музејот, кога групата крадци со украдено возило и механичка кревачка платформа се искачила до балконот на Галеријата „Аполон“ и со брусилка ги скршила стаклените витрини. Целата акција траела само четири минути.
Меѓу украдените осум парчиња се и тијарата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, како и накитот на Мари-Луиз. Украдените предмети сè уште не се пронајдени.
По инцидентот, француските власти ги засилија безбедносните мерки околу културните институции, а дел од највредните експонати од Лувр биле преместени на чување во Француската банка.
Фото: Pixabay/pexels

