Спорт
(Видео) Левендовски со хет-трик ја реши Селта
Барселона во Виго ја победи Селта со 4:1 и ја намали разликата во однос на Реал на три бода. „Кралскиот клуб“ во 11-то коло ремизираше, без голови, кај Рајо Ваљекано.
Спектакуларно прво полувреме одигра Селта и Барселона На „Балаидос“ стадионот во Виго. Беа постигнати пет гола, Барселона два пати водеше, Селта експресно се враќаше во натпреварот.
Левандовски првиот гол го постигна од пенал, веќе во наредниот напад изедначи Кареиро. Повторно Полјакот и донесе предност на Барселона, а десетина минути подцна изедначи Иглесијас. Вос амиот финиш на првиот дел Јамал погоди за нова предноста на Барселона.
Во вториот дел падна само еден гол. Левандовски го комплетираше хет-трикот. До крајот немаше промена на резултатот.
Барселона мечот го заврши до играч помалку, во финишот Де Јонг беше исклучен поради вториот жолт картон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јуриќ доби отказ, на неговото место доаѓа Паладино
Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека два натпревари ќе ја одредат судбината на Иван Јуриќ на клупата на Аталанта.
Првиот го доби, против Марсеј во Лигата на шампионите, во вториот доживеа дебакл на домашен терен од Сасуоло (0:3).
Италијанскиот инсајдер, новинарот, Николо Скира, тврди дека Иван Јуриќ ќе биде отпуштен. Според овој извор, Аталанта има фаворит за нов тренер.
Тоа е Рафаеле Паладино, кој зад себе има само два тренерски ангажмани. Ја водеше Монца (2022-2024) и Фиорентина минатата сезона. Двете страни треба да потпишат договор со до летото 2027 година.
Јуриќ ја презеде Аталанта ова лето од клупската легенда Џанпјеро Гасперини, а во 15 натпревари постигна само четири победи со осум нерешени резултати и три порази.
Спорт
Хамилтон: Ова е кошмар, го живеам веќе некое време
Луис Хамилтон не можеше да ја скрие својата фрустрација по уште еден тежок викенд во Ферари. Британецот доживеа серија судири, казни и конечно се повлече во Сао Паоло, продлабочувајќи ја кризата во својата дебитантска сезона во црвениот болид. Седумкратниот шампион признава дека веќе некое време се чувствува како да е заглавен во кошмар.
Седумкратниот светски шампион мораше да се откаже по хаотичниот настап обележан со комбинација од судири, казни и технички проблеми.
Хамилтон имаше две „блиски средби“, прво со возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, а потоа и со Франко Колапинто од Алпин.
Хамилтон подоцна призна за „Скај Спортс Ф1“, дека тешко се носи со резултатите што ги постигнува оваа сезона.
„Ова е кошмар, го живеам веќе некое време“, рече Хамилтон. „Таа разлика помеѓу сонот да возам за овој неверојатен тим и кошмарот од резултатите што ги имаме, подеми и падови – тоа е предизвикот.“
„Сепак, ќе се издигнам, ќе продолжам да тренирам и да работам со тимот. Навистина сакав да освојам поени овој викенд, но ќе се вратам најсилен што можам на следната трка и ќе се обидам да го поправам тоа.“
Спорт
(Видео) Нестварни сцени во Канада – снег до колена, натпревар на векот и ножичките на Родригез
Фудбалерите на Атлетико Отава ја освоија својата прва титула во Канадската Премиер лига (КПЛ) откако го победија Кавалри ФК со 2:1 во продолжение во неверојатни услови, среде снежна бура. Херој на вечерта беше Давид Родригез, кој ги постигна двата гола за својот тим и им го донесе историскиот трофеј од Купот Норт Стар.
Двата тима во неделата вечерта во Отава се бореа со времето исто колку и едни со други, а битката за шампионската титула се одвиваше во речиси невозможни услови.
Почетокот на натпреварот беше одложен поради обилните снежни врнежи. Персоналот користеше механизација и лопати во текот на целата ноќ за да ги расчисти линиите на стадионот ТД Плејс, а понекогаш и самите играчи им притрчаа на помош.
Навивачите кои се осмелија да дојдат на стадионот и покрај студот беа предупредени да не фрлаат снежни топки на теренот.
Гостите од Калгари први поведоа. Фрејзер Ерд погоди од пенал во 32-та минута, но славењето не траеше долго. Само неколку минути подоцна, Давид Родригез израмни со спектакуларен удар со ножички.
По основните 90 минути, резултатот остана 1:1, а имаше пауза од речиси еден час за повторно да се исчисти теренот од снегот.
Кога играта продолжи, одлучувачкиот момент се случи во 106-та минута. Родригез прими долга топка од Мани Апарицио и го лобуваше голманот Марко Кардучи за водство и, како што се покажа, победа.
За Атлетико, ова е прва титула во нивната историја, откако загубија во финалето од Форџ ФК во 2022 година. Од друга страна, Кавалри ФК, шампионите во 2024 година, не успеаја да ја одбранат титулата.

