Контакт

Економија

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Објавено пред

Фото: архива

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра, износ кој според најавите на Владата нема да се менува до март 2026 година, освен законското усогласување кое, според ССМ, нема да биде поголемо од 1.600 денари.

dobivaj vesti na viber

Од ССМ потсетуваат дека земјите во регионот веќе донеле одлуки за значително зголемување на минималната плата.

Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во првата фаза од јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од јули 2026 година ќе изнесува 500 евра или зголемување за 150 евра. Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат износот од 500 евра. Владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци (тоа што го бараше ССМ) Србија, Владата со Одлука ја зголеми минималната плата и истата од октомври 2025 година изнесува 500 евра, а од јануари 2026 година ќе изнесува 550 евра. Република Српска (БиХ), Економско социјалниот совет се согласи од јануари 2026 година минималната плата да изнесува: за неквалификуваните работници 512 евра, за квалификуваните работници 538 евра, за работниците со ССС 564 евра, за работниците со виша 692 евра, а за работниците со ВСС 743 евра. Босна и Херцеговија, минималната плата за 2025 година изнесува 1000 км или 511 евра. Црна Гора, минималната плата изнесува 600 евра за работници до средно образование, а 800 евра за работници со високо образование“, велат од Сојузот на синдикати.

ССМ обвинува дека Владата, работодавачите и синдикатот КСС работат спротивно на интересите на работниците. Поради ваквата состојба, најавува продолжување на протестите и можност за генерален штрајк.

Жалосно е тоа што Владата има сојузници и во работодавачите и во некои синдикати (КСС за кои веќе предупредувавме дека на сила ги прават репрезентативни само за да нема зголемување на платите, за да ги поддржуваат и за да бидат против работниците), а кои како папагали повторуваат дека треба само да се почитува законот. Сојузот на синдикатите на Македонија организираше низа протести за зголемување на минималната плата и ќе продолжи да организира, а работодавачите со нивниот игнорантски однос ќе предизвикаат генерален штрајк. Денеска имаме Влада, Газди и КСС кои се на иста страна и се против работниците, а се задоволни што македонските работници тонат во сирамаштија, што имаат најниски плати во регионот и најниска минимална плата, ама се е по закон! Затоа функционерските плати не се намалија, функционерите ги задржаа своите 78, а сега веќе 79% зголемени плати, а во тек е расправа за Буџетот за 2026 година каде што народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата добро живеат, ќе се фалат како ќе нема зголемување на работничките плати, како нема предвидено повеќе пари за раст на минималната плата од она што го предвидува законот, а тие истите се тие кои можат да менуваат закони!“, пишуваат од ССМ.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на прес-конференција пред два дена рече дека интервентно зголемување на минималната плата ќе направи само притисок врз фирмите и ќе мора да отпуштаат работници. Дополнително, кажа дека така ќе се подгрее и инфлацијата.

Во моментов не гледаме економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата пред редовното усогласување што е законски предвидено во март. Во овие околности ако одиме со ад-хок зголемување на минималната плата тоа ќе предизика зголемување на инфлацијата“, рече Дурмиши.

Економија

Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите

Објавено пред

Фото: СДСМ

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

„Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече Лукаревска.

Таа посочи дека Владата нема стратегија за раст на доходот и нема никакви алатки за да ја сопре инфлацијата, која и понатаму е висока.

„Нема развој, нема реформи, нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење и непродуктивно трошење. Ова е буџет на хартија, без капацитет да донесе подобар живот“, порача пратеничката.

Лукаревска потенцираше дека буџетот што го предлага Владата не е развоен, иако така се претставува пред јавноста.

„Само 9% од вкупните расходи се за капитални инвестиции, додека огромни 91% одат на тековни, непродуктивни трошоци. А, намалувањето на капиталните расходи за 7 милијарди денари покажува дека оваа влада нема капацитет за развој, ниту намера да инвестира во иднината“, посочи Лукаревска.

Таа предупреди дека Владата крати пари токму таму каде што најмногу треба да се инвестира: во животната средина, каде има намалување од 14,1%, што е опасно во услови на загаден воздух и недоволна инфраструктура за отпадни води, во правосудството, со намалување од 48,9% во програмата за владеење на правото, спротивно на сите препораки на ЕУ, во енергетиката, каде нема исполнети реформи, во образованието и науката, со сериозни намалувања додека училиштата немаат учебници и неопходни ресурси.

Лукаревска посочи дека Владата планира огромно ново задолжување од 1,7 милијарди евра нов долг, односно 950 милиони евра преку еврообврзница, 350 милиони евра од странски извори и 400 милиони евра дома.

„Јавниот долг ќе надмине 62%, ниво кое меѓународните институции го сметаат за ризично за ваква економија. Владата ја турка државата во финансиска нестабилност“, нагласи Лукаревска.

Таа укажа и на забелешките на Европската комисија, кои се целосно игнорирани.

„Европската комисија јасно укажува на нереални политики, одложена фискална консолидација, инвестиции ‘на хартија’, слаба реализација на капитални проекти и непродуктивни трошоци. Наместо да ги поправи овие слабости, Владата ги продлабочува“, додаде Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Економија

Стојаноска: Во 2026 и покрај сите долгови од СДСМ и ДУИ ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, повеќе локални проекти, поопремени здравствени и образовни установи

Објавено пред

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема привилегирани фирми и селектирани должници. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ сите се еднакви пред законите и законите се еднакви и исти за сите. Владата ги одржува во постојана и нагорна кондиција платите, пензиите и инвестициите, а паралелно ги намалува дефицитот и јавниот долг. Со оваа Влада нема еднократни приходи и вонредни такси. Владата финансира и мотивира домашни капитални проекти и враќа нечии стари долгови, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на собраниската комисија за Предлог – буџетот за 2026 година.

dobivaj vesti na viber

„Знаете како, едно е да се задолжувате за луксуз, а сосема друго е да се задолжувате за да инвестирате, да градите, да креирате нови производни капацитети и нови работни места. Луксузот е само потрошувач на капитал, додека нова инвестиција е креатор и создавач на нов – дополнителен капитал“, вели Стојаноска.

Стојаноски посочи „не знам или не сум чула дека постои некоја школа за економија која ве учи како да крадете“.

„Овие претходните не знам што школа имаат учено, ама видовме дека ништо не создадоа или од нешто – ни оставија ништо, плус борч. Ни оставија во наследство само огромни долгови. Ниту една капитална реализација, ниту еден километар автопат, ниту една нова болница, ниту една инвестиција на која би се сеќавале и од која би имале бенефит“, кажа Стојаноска.

Според неа со овој Предлог на буџет за 2026 не се ветуваат чуда, но се ветуваат реални приходи, солидни капитални инвестиции, домаќински расходи, постепен, но стабилен раст на платите и пензиите, дефицит кој пополека, но сигурно се намалува, како и континуирана поддршка за сите општини подеднакво.

„И, да, да бевме власт каква што беше онаа на СДСМ и на ДУИ, можевме да ветиме многу повеќе и многу попомпезно. Но – ете, за нечија жал, а за среќа на нашите граѓани, ние цврсто газиме на тлото и немаме крила за летање, ниту скапи мотори за ашикување, и тоа во време на полициски час. Ние во 2026 и покрај сите долгови од СДСМ и ДУИ ќе се потрудиме за нашите граѓани да обезбедиме подобри патишта, повеќе локални инфраструктурни проекти, поопремени здравствени установи кои ќе нудат поквалитетни услуги за сите пациенти, подобро опремени училишта и факултети кои ќе создаваат поквалитетни кадри за во иднина, почиста животна средина за сите, побезбедни улици и градови. Ќе се потрудиме кај народот да ја вратиме надежта и да му го направиме животот во Македонија поубав. Да имаме здрава нација и млади кои ќе сакаат да останат дома, да работат и инвестираат, да создаваат семејства и да бидат среќни“, посочи Стојансока.

Стојаноска заклучи дека ништо не се реализира преку ноќ и без многу работа и напор.

„Ние сме генерацијата која мора да се жртвува за да биде подобро. Која мора да работи чесно и посветено, за да испорача резултати“, заокружи Стојаноска.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет

Објавено пред

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија донесе нова димензија на билатералната енергетска соработка, истакнувајќи ја важноста на регионалната стабилност и сигурноста на снабдувањето со енергија.

dobivaj vesti na viber

Делегација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, учествуваше на седницата на Мешовитиот комитет, на која се потврдија заедничките стратешки приоритети и заложби во енергетиката. Експертските работни групи од двете министерства за енергетика усогласија стратешки точки кои ќе ја унапредат енергетската инфраструктура, ефикасност и иновации.

Потпишувањето на протоколот кој ги дефинира и заедничките енергетски цели и активности, се одржа како завршен чин на седницата на Комитетот, кој опфати повеќе ресори, со цел да се поттикне регионална стабилност и енергетска безбедност.

Седницата на Мешовитиот комитет ја потврди стратегиската посветеност на двете земји за јакнење на регионалната енергетска стабилност. „ Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас, поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи, препознавајќи дека обезбедувањето на сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност“, истакна државниот секретар Горан Јовановски
Јовановски и македонската делегација остварија и билатерални средби со претседавачот на Мешовитиот комитет, Петар Старај како и со Петар Холица, заменик државен секретар на Министерството за енергетика на Унгарија, на кои ја зацврстија заедничката заложба за развој на инфраструктурата, подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на системите за производство на електрична енергија.

„Размената на добри практики и експертиза во работењето на пазарот на електрична енергија е клучна. Охрабрени сме од напредокот во техничкиот дијалог за геотермална енергија. Модернизацијата на РЕК Битола, со фокус на суви или хибридни системи за ладење, е уште една област каде нашата соработка може да донесе реални придобивки. Продлабочената соработка помеѓу HUPX и MEMO дополнително ќе ја олесни интеграцијата на пазарите, размената на податоци и развојот на капацитетите, промовирајќи транспарентно и ефикасно работење на електроенергетскиот пазар во нашиот регион“ истакна Јовановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија2 часа

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија3 часа

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија4 часа

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија4 часа

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија6 часа

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија6 часа

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија16 часа

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија21 час

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ1 ден

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија1 ден

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија1 ден

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија1 ден

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија1 ден

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија1 ден

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија1 ден

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија1 ден

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион1 ден

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет1 ден

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...