Спорт
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ во Њу Орлеанс, Вучевиќ со звукот на сирената му пресуди на Портланд
Никола Јокиќ го забележа деветтиот трипл-дабл од почетокот на сезоната. Го предводеше Денвер до победата во Њу Орлеанс (118:125). Денвер ја забележаа осмата победа на последните девет натпревари, со скор од 11 победи и три порази се втори на Западот.
Јокиќ забележа трипл-дабл против Њу Орлеанс, но клучен човек во победата беше Пејтон Вотсон, постигна рекордни во кариерата 32 поени. Извореден беше и поранешниот играч на Њу Орлеанс, Јонас Валанчунас, кој погоди две тројки и го одби налетот на Пеликанс во финишот.
Јокиќ мечот го заврши со 28 поени, 11 скокови и 12 асистенции, но имаше и девет загубени топки, а поради шест лични грешки излезе од теренот на 2:44 минути до крајот.
Големи проблеми на Јокиќ му правеше новајлијата Дерик Квин, која го започна натпреварот против Јокиќ на позицијата центар, забележа рекорд во кратката НБА кариера, постигна 30 поени и девет скока.
Треј Марфи додаде 23 поени за Пеликанс.
Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ им донесе победа на Чикаго Булс во Портланд со 122:121 со тројка во последната секунда.
Тоа беше кулминација на исклучително возбудливиот натпревар во кој Булс имаа предност од 21 поен, ја испуштија и на крајот ја окрадоа победата во Орегон.
Во последните девет секунди, Чикаго погоди две тројки и победи.
Прво, Коби Вајт беше прецизен под зад линијата 7,24, потоа Џереми Грант на другата страна погоди едно слободно фрлање (121:119), а во преостанатото време, по асистенцијата на Вајт, Вучевиќ беше побрз од сирената. Вучевиќ и Вајт беа убедливо најдобри во победничкиот тим.
NIKOLA VUCEVIC GAME WINNER
🔥🔥🔥🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 20, 2025
Црногорскиот центар го заврши натпреварот со 27 поени (11/19), погоди пет тројки од девет шута, запиша 8 скока и две асистенции. Вајт го следеше со 25 поени.
Во поразениот тим, Џереми Грант се истакнаа со 33 поени и Дени Авдија со 32 поени.
Резултати:
Кливленд – Хјустон 104:114
/Хантер 25 – Шенгун 28/
Индијана – Шарлот 126:118
/Матурин 24 – Книпел 28/
Филаделфија – Торонто 112:121
/Макси 24 – Берет 22/
Мајами – Голден Стејт 110:96
/Пауел 25 – Подзиемски 20/
Минесота – Вашингтон 120:109
/Рендл 32 – Џорџ 23/
Оклахома – Сакраменто 113:99
/Гилџес Александер 30 – Шрудер 21/
Далас – Њујорк 111:113
/Маршал, Расел 23 – Брансон 28/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Билд: Адејеми поради Кавгите со Ковач го напушта Дортмунд
Карим Адејеми (23), крилен играч на Борусија Дортмунд и германската репрезентација, ќе го напушта клубот со кој има договор до летото 2027 година. „Билд“, тврди дека со менаџерот на фудбалерот преговори водат Интер и Манчестер Јунајтед.
„Билд“, во објавата на оваа информација напиша дека: „Емоционалните испади и конфликтите на Адејеми со тренерот Нико Ковач придонесоа тој порано да го заврши престојот во Дортмунд“.
Проблемите на младиот напаѓач се натрупуваат и на теренот и надвор од него. Адејеми не постигнал гол, ниту асистенција од крајот на септември, а тензиите со хрватскиот тренер кулминираа во јавен конфликт.
Инцидентот се случи на 25 октомври за време на победата од 1:0 против Келн, кога Адејеми фрли шише со вода кон клупата додека го напушташе теренот. Ковач јавно го осуди таквото однесување.
Фрустрациите продолжија и за време на последниот првенствен натпревар, ремито со Хамбург (1:1), кога Ковач беше видливо незадоволен од одлуките на Адејеми на теренот, поради што го замени во 66-та минута.
„Билд“ пред две недели напиша дека менаџерот на Адејеми инсистира на долгорочно продолжување на договорот, кое би вклучувало откупна клаузула од околу 80 милиони евра. Сега, сепак, се случи пресврт. Клучна улога во евентуален трансфер би можел да игра супер агентот Жорже Мендеш, кого Адејеми неодамна го ангажираше.
Мендеш има одлични односи со раководството на „Олд Трафорд“, каде што веќе посредуваше за доаѓањето на Лени Јоро и Мануел Угарте.
Адејеми дојде во Дортмунд пред три години од Салцбург со обештетување од 30 милиони евра. Оттогаш, на 121 настап за Борусија, постигна 29 гола и забележа 22 асистенции.
Спорт
Македонија против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на СП
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Доколку Македонија успее да го мине полуфиналето на 26 март, во финалето на 31 март, повотено ќе гостува кај победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.
Европски плејоф, полуфинале:
Патека А: 1. Италија-Северна Ирска , 2. Велс- Босна и Херцеговина (домаќин во финалето)
Патека Б: Украина-Шведска (домаќин во финалето), Полска-Албанија
Патека Ц: Турција-Романија, 2. Словачка-Косово (домаќин во финалето)
Патека Д: Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска

Интерконтиненталниот бараж ќе се игра во Мексико, на стадионите во Гвадалахара и Монтереј. Учествуваат шест репрезентации, во финалето ќе ги чекаат ДР Конго и Ирак.
ДР Конго ќе игра со победникот од натпреварот Нова Каледонија-Јамајка, а Иран ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Боливија и Суринам.
Досега пласман на СП изборија 42 репрезентации.
Од Европа, Англија, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Белгија, Шпанија, Шкотска, Австрија и Швајцарија ќе играат на Светското првенство следното лето.
Бранителот на титулата Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај се квалификуваа од Јужна Америка.
Австралија, Јужна Кореја, Иран, Јапонија, Јордан, Узбекистан, Катар и Саудиска Арабија се квалификуваа од Азиската зона.
Претставник на Океанија е Нов Зеланд, а од Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) се квалификуваа Панама, Курасао и Хаити, како и домаќините САД, Канада и Мексико.
Од Африка пласман на Мундијалот обезбедија Мароко, Тунис, Алжир, Египет, Гана, Зелено’ртски Острови, Јужна Африка, Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
Тер Штеген има понуда да ја напушти Барселона
Марк Андре тер-Штеген конечно би можел да се согласи да ја напушти Барселона.
Според информации од Каталонија, Бешикташ повторно покажува сериозен интерес за германскиот голман.
Досега, Германецот се двоумеше, одбиваше понуди, но сега е во проблеми бидејќи би можел да го изгуби статусот на репрезентативец, односно прв голман кај Јулијан Нагелсман.
За време на оваа пауза, селекторот на Германија јавно објави дека Тер-Штеген мора да биде стандарден по закрепнувањето од повредата, за да се наметне за место во националниот тим, кој ќе се натпреварува на Светското првенство 2026.
Бешикташ нуди сè што му е потребно – позицијата прв голман и договор до крајот на сезоната. Наводно, Турците се подготвени да вметнат клаузула според која ќе можат да го купат Германецот, по завршувањето на сезоната за сума од 8.000.000 евра, а дотогаш би ги покриле сите негови приходи.
Тер-Штеген го има последниот збор, но се чини дека е отворен за заминување бидејќи неговиот сон е да биде прв голман на Германија на Светското првенство.

