Спорт
ФИФА го одреди распоредот на ждрепката, Хрватска е во вториот шешир
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави шеширите во ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Победниците од шесте плејоф натпревари се во четвртиот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 5 декември во 18:00 часот во Вашингтон. На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи.
Во првиот шешир се домаќините Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико, како и деветте најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.
Во вториот шешир се Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Во третиот шешир е најдобрата репрезентација на европските квалификации, Норвешка, како и Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.
Во четвртиот шешир се Јордан, Зелено’ртските Острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, како и победниците од четирите европски плејоф натпревари и две репрезентации од интерконтиненталниот плејоф.
Во групата А од европскиот бараж се Италија, Велс, Босна и Херцеговина и Северна Ирска, во групата Б се Украина, Шведска, Полска и Албанија, во групата Ц се Словачка, Турција, Романија и Косово, во групата Д се Чешка, Ирска, Данска и Македонија.
ДР Конго, Јамајка и Нова Каледонија се во првата колона од интерконтиненталниот бараж, додека Ирак, Боливија и Суринам се во втората колона.
За прв пат, ФИФА одлучи четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата да бидат сместени во различни делови од ждрепката, за да не се сретнат потенцијално пред полуфиналето.
„За да се обезбеди конкурентска рамнотежа, при изготвувањето на распоредот на натпреварите се утврдени два одделни пата до полуфиналето. Заради избалансирана распределба, четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија, ќе бидат случајно извлечени во спротивни патеки. Ова ќе осигури доколку ги освојат своите групи, дека нема да можат да се сретнат пред финалето“, објави ФИФА.
Во групите нема да има повеќе од еден претставник од истата конфедерација, освен од Европа, која може да има максимум две селекции во иста група.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во 16 градови во САД, Канада и Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус се распрашува за Мазрауи
Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек.
„Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед.
Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе во напаѓачката фаза.
Останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде спремен да го пушти или Јувентус ќе мора да се сврти кон други решенија.
Мазрауи моментално е на Африканскиот куп на нации во неговата земја и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар на Мароко со Нигерија.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos

