Црна хроника
Штипјанец запалил оган пред домот и го оставил да гори – пожарот ја зафатил неговата куќа и се проширил и кај соседите
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. (43) од овој град поради сомнеж за предизвикување на општа опасност.
Според пријавата, на 24 септември 2025 година во селото Љуботен, штипско, тој запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира.
Подоцна огнот повторно се активирал и зафатил две соби од подрумскиот дел на неговата куќа, како и делови од две соседни куќи, гаража и околу пет хектари нискостеблеста вегетација, шума и сува трева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
15-годишно девојче со сила внесено во автомобил и нападнато од поранешниот партнер во Ѓорче Петров
Во полицијата во Скопје била пријавена насилна случка во која 15-годишнo девојче било со употреба на физичка сила внесено во автомобил од страна на поранешниот партнер.
Според пријавата, настанот се случил пред два дена околу 19:30 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров. Зад нападот стоел И.Ј. (22), кој притоа физички ја нападнал и ѝ упатувал закани, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Пехчево пријавен за насилство, нападнал жена со стаклен предмет и оштетил кров од куќа
Полицијата поднела кривична пријава против Ќ.Д. (29) од Пехчево поради сомнение за кривично дело „насилство“.
Според пријавата, на 19 февруари 2025 година осомничениот најпрво оштетил кров на куќа, а потоа во дворот физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.

