Спорт
(Видео) Денвер од -23 до триумф во Атланта – Јокиќ броеше до 40
Кошаркарите на Денвер славеа на гостински терен против Атланта по пресврт, 134:133.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 40 поени, девет скока, осум асистенции, една украдена топка и една блокада.
Денвер одиграа лоша прва четвртина, имаа минус од 19 поени, а во вториот период разликата беше и 23 поени во корист на Атланта. Нагетс се вратија во мечот во третиот период, кога успеаја да дојдат до едноцифрен минус, а победникот го решија со серијата 23:3 во последната четвртина.
Џамал Мареј повторно имаше важен придонес со 23 поени, 12 асистенции и пет скока. Тим Хардавеј имаше 17 поени и шест скока, а Кам Џонсон имаше 16 поени и четири скока.
Џејлен Џонсон имаше неверојатно прво полувреме, запишува трипл-дабл и стануа осмиот играч во историјата што го сторил тоа. Играчот на Атланта го заврши натпреварот со 21 поен, 18 скока и 16 асистенции.
За „Јастребите“ се истакнаа и Никел Александер-Вокер со 30 поени и пет скока, односно Кристапс Порзингис со 25 поени.
Резултати:
Бостон – ЛА Лејкерс 126:105
/Браун 30 – Ривс 36/
Орландо – Мајами 106:105
/Вагнер 32 – Пауел 28/
Њујорк – Јута 146:112
/Бренсон 33 – Џорџ 18/
Торонто – Шарлот 86:111
/Квикли 31 – Нупел 21/
Кливленд – Сан Антонио 130:117
/Мичел 28 – Васел 28/
Детроит – Портланд 122:116
/Канингем 29 – Авдија 35/
Чикаго – Индијана 105:120
/Вајт 22 – Сијакам 36/
Хјустон – Феникс 117:98
/Томпсон 31 – Брукс 23/
Мемфис – ЛА Клиперс 107:98
/Кауард 23 – Ленард 24/
Милвоки – Филаделфија 101:116
/Портис 22 – Грајмс 22/
Оклахома – Далас 123:111
/Гилџис-Александер 33 – Харди 23/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко
На Светското првенство во 2026 година, Бразил доби група по мерак. Во првата фаза петкратните светски шампиони ќе играат против Мароко, Шкотска и Хаити.
Бразил ќе го игра првиот натпревар на 13 јуни 2026 година против Мароко, по што ќе следат средби со Хаити на 19 јуни и Шкотска на 24 јуни.
„Мароко беше многу добар на последното Светско првенство во 2022 година во Катар, стигнаа до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим, ќе биде многу тешко“, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.
„Мора да се обидеме да завршиме први во групата. Пред сè, мора добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен. Мора да размислуваме за победа на сите три натпревари. Прво против Мароко, што ќе биде најтешко, но и против другите два противници. Мора да имаме самодоверба“, додаде тој.
Бразил ќе одигра два пријателски натпревари во САД во март, против Франција и против Хрватска.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Фудбалер исклучен бидејќи долната облека му била во погрешна боја
Што се случи во Индија? Имаме кандидат за најбизарниот црвен картон на сите времиња.
Играчите на Гоа и Мумбаи се подготвуваа да излезат од тунелот пред полуфиналниот натпревар од Индискиот Суперкуп.
Во тој момент капитенот на Гоа, Икер Гуарочкена, беше почестен со црвен картон, токму таму во тунелот. Носел погрешна боја на долна облека.
Судијата го предупредил да ја пресоблече долната облека, капитенот на Гоа влезе во вербална расправија и доби црвен картон.
Патрик Мондал, судијата, потоа рече дека сите „видоа што направи“, иако на никого не му беше јасно што всушност направи капитенот на Гоа, освен што носеше сини боксерки под белите шорцеви.
Гоа сепак играше со 11 играчи. Сспоред правилата, играч кој ќе добие црвен картон пред почетокот на натпреварот може да биде заменет од тренерот.
Гоа со победата 2:1 го освои Суперкупот на Индија.
In India, FC Goa captain Guarrotxena received a red card before the kickoff of the Super Cup semifinal for wearing underwear of the wrong color. pic.twitter.com/w5740lbIQn
— Total Football (@TotalFootbol) December 5, 2025
Спорт
Дурент, осми во историјата со најмалку 31.000 поени во кариерата
Кевин Дурент и Амин Томпсон со по 28 поени го предводеа Хјустон до убедливата победа над Феникс (117:98) во НБА лигата.
Против својот поранешен тим, Дурент влезе во историјата на НБА лигата. Четири поени шшто ги постигна во првата четвртина му беа довлни да ја надмине бројката од 31.000 во кариерата.
Седум играчи на вечната листа се пред Дурент: Леброн Џејмс, Крим Абдул-Џабар, Карл Малоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чемберлен.
Доколку 15-кратниот НБА Ол-стар играч остане здрав, веројатно е дека ќе ги престигне Чемберлен (31.419 поени) и Новицки (31.560), а можеби дури и Џордан (32.292) оваа сезона.
Foto/ EPA

