Спорт
Уште еден централен дефанзивец на Арсенал е повреден
Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.
Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.
Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.
Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.
Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.
Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко
На Светското првенство во 2026 година, Бразил доби група по мерак. Во првата фаза петкратните светски шампиони ќе играат против Мароко, Шкотска и Хаити.
Бразил ќе го игра првиот натпревар на 13 јуни 2026 година против Мароко, по што ќе следат средби со Хаити на 19 јуни и Шкотска на 24 јуни.
„Мароко беше многу добар на последното Светско првенство во 2022 година во Катар, стигнаа до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим, ќе биде многу тешко“, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.
„Мора да се обидеме да завршиме први во групата. Пред сè, мора добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен. Мора да размислуваме за победа на сите три натпревари. Прво против Мароко, што ќе биде најтешко, но и против другите два противници. Мора да имаме самодоверба“, додаде тој.
Бразил ќе одигра два пријателски натпревари во САД во март, против Франција и против Хрватска.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Фудбалер исклучен бидејќи долната облека му била во погрешна боја
Што се случи во Индија? Имаме кандидат за најбизарниот црвен картон на сите времиња.
Играчите на Гоа и Мумбаи се подготвуваа да излезат од тунелот пред полуфиналниот натпревар од Индискиот Суперкуп.
Во тој момент капитенот на Гоа, Икер Гуарочкена, беше почестен со црвен картон, токму таму во тунелот. Носел погрешна боја на долна облека.
Судијата го предупредил да ја пресоблече долната облека, капитенот на Гоа влезе во вербална расправија и доби црвен картон.
Патрик Мондал, судијата, потоа рече дека сите „видоа што направи“, иако на никого не му беше јасно што всушност направи капитенот на Гоа, освен што носеше сини боксерки под белите шорцеви.
Гоа сепак играше со 11 играчи. Сспоред правилата, играч кој ќе добие црвен картон пред почетокот на натпреварот може да биде заменет од тренерот.
Гоа со победата 2:1 го освои Суперкупот на Индија.
In India, FC Goa captain Guarrotxena received a red card before the kickoff of the Super Cup semifinal for wearing underwear of the wrong color. pic.twitter.com/w5740lbIQn
— Total Football (@TotalFootbol) December 5, 2025
Спорт
Дурент, осми во историјата со најмалку 31.000 поени во кариерата
Кевин Дурент и Амин Томпсон со по 28 поени го предводеа Хјустон до убедливата победа над Феникс (117:98) во НБА лигата.
Против својот поранешен тим, Дурент влезе во историјата на НБА лигата. Четири поени шшто ги постигна во првата четвртина му беа довлни да ја надмине бројката од 31.000 во кариерата.
Седум играчи на вечната листа се пред Дурент: Леброн Џејмс, Крим Абдул-Џабар, Карл Малоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чемберлен.
Доколку 15-кратниот НБА Ол-стар играч остане здрав, веројатно е дека ќе ги престигне Чемберлен (31.419 поени) и Новицки (31.560), а можеби дури и Џордан (32.292) оваа сезона.
Foto/ EPA

