Спорт
Наполи пронајде замена за Де Брујне?
Наполи е принуден да бара нов играч од средниот ред во зимскиот преоден рок по сериозната повреда на клучниот играч Кевин Де Брујне, кој би можел да го пропушти остатокот од сезоната.
Тренерот Антонио Конте го постави доведувањето на нов играч од средниот ред како приоритет, а на врвот на неговата листа на желби е Коби Маину од Манчестер Јунајтед, додека Сунгуту Магаса од Вест Хем се споменува како алтернатива.
Иако минатата сезона ја освои титулата во Серија А, Конте дополнително го засили средниот ред ова лето со спектакуларниот слободен трансфер на легендата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне.
Белгискиот играч од средниот ред имаше одличен почеток на сезоната и брзо се адаптираше, но во октомври доживеа сериозна повреда во победата од 3:1 над Интер.
Прегледите покажаа висок степен на руптура на бицепсот на феморисот во горниот дел од десната нога.
Се шпекулира дека рехабилитацијата на Де Брујне ќе трае до крајот на февруари или почетокот на март. Ситуацијата е уште позагрижувачка бидејќи тој оперираше истиот мускул во 2023 година, поради што го пропушти поголемиот дел од сезона во дресот на Сити.
Конте мора да бара нов играч од средниот ред, и заедно со Маину, кој падна во втор план во Манчестер Јунајтед, на листата се наоѓа и Сунгуту Магаса од Вест Хем.
Додека Маину останува примарна цел, Магаса се разгледува како алтернатива. Според новинарот Николо Чекарини од „Тутомеркато“, Магаса е поевтина опција бидејќи би можел да биде достапен за само 15 милиони евра.
Поранешниот играч на Монако се приклучи на Вест Хем минатото лето и оваа сезона има одиграно осум натпревари во Премиер лигата, од кои само четири како стратер.
Foto/ freerangestock
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA
Спорт
Ен Несири пред трансфер во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири.
Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Астон Вила (0:1), да преговара околу ангажманот на Мароканецот.
Јувентус нуди 5.000.000 евра за позајмица, 19.000.000 евра за опција за откуп на договорот и 3.000.000 преку бонуси.
Реално е Фенербаче да ја прифати понудата и наскоро се очекува Ен Несири да го облече дресот на Јувентус.
Спорт
Реал Мадрид ја напушта Евролигата
Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми.
Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари во следните пет до шест години.
Според медиумите, Реал е се поблиску до тоа да биде еден од дванаесетте основачи на ова ново натпреварување. Овој потег започнува нова ера во европската кошарка и потенцијално ја менува распределбата на моќта на континентот, бидејќи „НБА Европа“ би можела сериозно да ги разниша традиционалните темели на Евролигата.
Во моментов, повеќето клубови сè уште имаат желба да останат во Евролигата, но потенцијално поголемиот профит и проширувањето на брендот преку „НБА Европа“ би можеле да ги наведат да ги преиспитаат своите приоритети во наредниот период.
Foto/ depositphotos

