Контакт

Вести

Клинтон се извини поради навредата на гласачите на Трамп дека се „грст очајници“

Објавено пред

Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД на изборите на 8-ми ноември, Хилари Клинтон, изјави во саботата навечер дека жали за тоа што ден претходно изјави дека половината од приврзаниците на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп ги претставила како „грст очајници“.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на донаторски собир во петокот навечер, Хилари Клинтон рече дека половината од приврзаниците на Доналд Трамп се за жалење, односно претставуваат грст очајници. „Тие се расисти, сексисти, ксенофоби и исламофоби. Пред вас е изборот“, порача поранешната прва дама и државна секретарка.

„Вчера вечерта претерано генерализирав, што никогаш не е добро. Жалам што реков ‘половината’, тоа беше лошо“, призна Клинтон во соопштението од саботата откако нејзината изјави предизвика жестока полемика.

Американската десница огорчено реагираше на таа изјава и ја обвинува Хилари Клинтон дека го презира просечниот Американец. Приврзаниците на Републиканската партија. нејзините функционери и конзервативниот кандидат за Белата куќа жестоко реагираа на нејзината изјава.

„Хилари Клинтон ги навредува моите приврзаници, милиони извонредни луѓе, кои вредно работата. Мислам дека тоа скапо ќе го плати во анкетите!“, напиша на Twitter Доналд Трамп во саботата откако две одделни анкети од претходната седмица покажаа дека ја престигнал противкандидатката според популарноста во испитувањата на јавното мнение на околу два месеца до изборите.

Имено, на партиските предизбори на Републиканската партија за Трамп гласаа речиси 14 милиони Американци, повеќе од за кој и да е друг републиканец во историјата на предизборите за партиската номинација.

Иако ја призна грешката во изјавата, Клинтон во соопштението уверува дека и натаму ќе предупредува на „секташката и расистичка“ реторика на својот противник. Таа повторно го нападна Трамп за наводните врски и симпатии он него од страна на „белите спрематисти“ и лично од еден од поранешните водачи на „Ку-Клук-Клан“, Дејвид Дјук.

„Но да кажеме јасно: она што навистина е жално е што Доналд Трамп се ангажира како главен заштитни на ткн ултрадесно движење за водење на својата (предизборна) кампања и дека Дејвид Дјук и другите бели супрематисти го гледаат него како заштитник на нивните вредност“, додава Клинтон./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници. Град...

Македонија5 часа

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија7 часа

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ7 часа

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија13 часа

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија13 часа

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија13 часа

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија15 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија15 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија18 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија18 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија18 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија1 ден

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет1 ден

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија1 ден

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија1 ден

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија2 дена

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија2 дена

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа2 дена

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија2 дена

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...