Спорт
Лејкерси победија во Феникс, Дончиќ беше толку лош што некои побараа ФБИ да го истражи натпреварот
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Феникс Санс со 116:114, во натпревар во кој испуштија предност од 20 поени предност во последните седум ипол минути. На крајот, Феникс дојде од 79:99, до предност 114:113, а потоа Леброн Џејмс, погоди две од три слободни фрлања и го блокираше обидот на Колин Гилеспи.
Искусниот Џејмс постигна 26 поени, но имаше и осум изгубени топки. Остави подобар впечаток од Лука Дончиќ, кој беше најдобар стрелец на натпреварот со 29 поени, со ужасен процент на реализиција.
Словенецот промашуваше во серија, погоди само две тројки од 14 обиди, а вкупно погоди седум пати од 25 обиди. Беше прецизен само од линијата за слободни фрлања, каде што погоди 13 од 14 обиди. Имаше и шест изгубени топки.
Некои корисници на социјалните мрежи одат дотаму што го повикаа ФБИ да го истражи настапот на Дончиќ. За потсетување, ФБИ се справува со НБА и некои играчи за местење натпревари.
За разлика од Дончиќ, Деандре Ајтон беше исклучително прецизен. Тој стигна до 20 поени со речиси совршени 10/11 од поле. Тој исто така имаше 13 скока против тимот што го избра како прв пик на драфтот во 2018 година и каде што помина пет сезони.
Сансите, кои успеаја да се вратат по серијата од 0:24, беа предводени од Девин Букер со 27 поени, шест скока и седум асистенции и Марк Вилијамс со 20 поени, шест скока и три блокади.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

