Спорт
(Видео) Јувентус го доби дербито против Рома
Фудбалерите на Јувентус ја победија Рома во Торино со 2:1, во дербито на 16-то коло од италијанската Серија А.
„Старата дама“ го забележа вториот важен триумф во првенството, по оној во Болоња, значително го подигна нивото на игра во два овие натпревари и сега има 29 бода на петтата позиција, само еден помалку од четвртопласираната Рома.
„Волчицата“ сè уште не знае за нерешен резултат сезона, ова е нејзин шести пораз, со 10 триумфи, а она што станува карактеристично за тимот на Џанпјеро Гасперини е тоа што е немоќен во дуелите со најсилните италијански тимови.
Рома имаше целосна контрола врз играта во првото полувреме, но и во таква ситуација му доволи на Јувентус две шанси во финишот на полувреме. Консеисао не успеа во првиот обид во 43-та минута, но една минута подцна тој го совлада Свилар.
Јувентус во вториот дел ја имаше инцијативата, а предноста ја удвои во 70-та минута. Првиот обид на Мекени, Свилар успеа да го одбрани, топката се врати до Американецот кој му асиситираше на Опенда. Белгиецот од пет метри само ја испрати топката во празната мрежа. Ова е прв гол за Опенда во Серија А оваа сезона.
Шест минути подоцна, Рома се врати во мечот, со голот на Балданци. Јилдиз во 80-та минута, можеше да го реши мечот, но топката по негвиот удар заврши во стативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тренерот на Милан се соочува со жестока казна
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со долга суспензија поради навреда на спортскиот координатор на Наполи, Габриел Оријали, за време на полуфиналето на италијанскиот Суперкуп помеѓу двата клуба во четврток вечерта.
Како што објавува „Газета Спорт“, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради несоодветните зборови што му ги упатил на поранешниот италијански фудбалер.
Во случај да не добие суспензија, трофејниот италијански стручњак веројатно ќе биде „удрен во џебот“, а Дисциплинската комисија е таа што треба да одлучи каква казна ќе му одреди на Алегри.
Од Наполи веќе изјавија дека се надеваат, дека Алегри ќе добие соодветна казна за своето простачко однесување.
„Се надеваме дека овој целосно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, беше невозможно да не се види што се случи“, се вели во соопштението на клубот кој ќе се бори против Болоња за титулата победник на италијанскиот Суперкуп.
За потсетување, Милан ќе го игра својот следен натпревар во Серија А само во недела, 28 декември во Верона.
Foto/ freerangestock
Спорт
„Марка“: Винисиус се скара со следбениците на Инстаграм
Винисиус Жуниор повторно предизвика контроверзии, откако беше заменет против Севилја (2:0).
Овој пат, тоа не го направи на теренот на „Бернабеу“, како за време на Ел Класико, туку пред очите на своите 57 милиони следбеници на Инстаграм.
Лут поради свирежите што ги слушна при напуштањето на играта, Бразилецот ја смени својата профилна слика на Инстаграм кратко по завршувањето на натпреварот Реал Мадрид – Севиља (2:0), пишува „Марка“, во текстот со насловот „Кавгата на Винисиус пред очите на 75 милиони следбеници“.
Само десет минути по последниот свиреж на судијата, сè уште во соблекувалната, ја отстрани фотографијата на која го држи дресот на Реал Мадрид и ја замени со слика од натпреварот во дресот на бразилската репрезентација.
„Седумката“ на Реал Мадрид го напушти теренот во 83-та минута со свирежи, но и аплауз од некои навивачи, што јасно ја покажа поделбата меѓу публиката.
Неговиот потег на социјалните мрежи дополнително ги разгоре тензиите за неговиот однос со навивачите на „Бернабеу“. Покрај тоа, тој објави две фотографии од натпреварот против Севилја придружени со три точки.
Интересно е што толку брзо ја смени сликата на профилот што во своите Инстаграм приказни, додека ги споделуваше тие фотографии, старата слика со дресот на Реал сè уште беше видлива.
Винисиус не го дочекува крајот на 2025 година во најдобра атмосфера. Односот со навивачите на Реал и тренерот Чаби Алонсо е далеку од идиличен. Свирежите што ги слушна против Севилја се одраз на незадоволството од неговото однесување во текот на сезоната. Неговите гестови кон Чаби за време на Ел Класико означија пресвртница во тој однос со публиката, а последователните инциденти исто така не му помогнаа.
Неговото смеење на клупата откако Талавера постигна гол од 2:3 во Купот на Кралот особено негативно влијаеше врз навивачите на Реал.
Публиката повеќе не му простува, а во корист не му оди ниту формата во која се наоѓа. Најновиот потег, отстранувањето на фотографијата во дресот на Реал Мадрид од профилот на Инстаграм е уште едно поглавје во оваа „студена војна“ помеѓу Бразилецот и навивачите.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јокиќ лош, Дончиќ се повреди, Денвер и ЛА Лејкерс поразени
Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаа уште еден пораз на домашен терен во НБА лигата, петти од вкупно седум колку што имаат во сезоната. Хјустон славеа во „Бол Арена“ со 115:101.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра лоша нтпревар, беше непрепознатлив и особено во првото полувреме (додека резултатот беше изедначен) одеше од грешка во грешка.
Брзо се заглави во проблеми со лични грешки, првите три г направи во фаза на нападот 6 фаули… Неговиот тренер Дејвид Аделман беше исклучен поради две технички фаули и протест кон судиите…
David Adelman shouts in the referee's face "WHAT THE F*CK IS WRONG WITH YOU?!" and gets ejected from the game (2nd technical), after Jokic didn't get a foul (with replays) pic.twitter.com/HDb1TOTcue
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) December 21, 2025
Факт е дека Хјустон шутираа неверојатно, но и дека судиите дозволија игра со многу контакти. Како да паднаа на неодамнешните критики на тренерот Име Удока, кој пред 10 дена кога Денвер победија во Хјустон, „удри“ по судиите, а лигата го казни со 25.000 долари.
Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени, но само 9/20 од поле… Исто така, имаше 7 скока, 5 асистенции и 5 изгубени топки, како и 5 лични грешки, а неговиот +/- беше -20.
Хјустон, практично мечот го реши во последните 70 секунди од третата четвртина, со рафалот на Род Шепард. Плејмејкерот постигна 11 поени во низа и плусот од пет го претвори во плус од 16 поени.
Кевин Дурант, кој имаше 31 поен (пет тројки), 6 скока и 5 асистенции, додека феноменалниот Рид Шепард постигна 28 (шест тројки), со 5 асистенции, а Џабари Смит имаше дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока.
ЛА Клиперс конечно ја прекинаа својата серија од пет порази. Во градското дерби одиграно во саботата навечер, тие ги победија ослабените Лос Анџелес Лејкерс со 103:88, и ја обезбедија победата со одличен шут за три поени. Херој на вечерта беше Кавај Ленард, кој постигна 32 поени, неговиот најдобар учинок во сезоната.
Клиперс ја контролираа играта од самиот почеток и не го испуштија водството. Заедно со Ленард, Џејмс Харден играше одлично со 21 поен и 10 асистенции, додека Џон Колинс додаде 17 поени и 12 скока. Од друга страна, одличната вечер на Леброн Џејмс, кој полни 41 година на 30 декември, и кој постигна дури 36 поени.
Големиот удар за Лејкерс дојде на полувремето, кога Лука Дончиќ, водечкиот стрелец во лигата, остана во соблекувалната поради повреда на долниот дел од ногата. Дончиќ, кој во последниот натпревар забележа трипл-дабл со 45 поени, постигна 12 поени и пет скока со лош шут пред повредата.
Клучот за победата на Клиперсите лежеше во шутевите од далечина. Тие погодија 16 од 43 тројки, Леонард и Харден погодија по четири, а Брук Лопез додаде три од клупата. Лејкерси, за разлика од нив, имаа катастрофална шутерска вечер, промашувајќи дури 32 обиди за три поени. Џејмс погоди 3 од 7, Дончиќ 1 од 6, а Маркус Смарт ги промаши сите девет свои шутеви.
Победата на Клиперс беше засенета од повредата на хрватскиот центар Ивица Зупац, кој мораше да го напушти натпреварот во првата четвртина откако постигна пет поени поради проблем со левиот глужд.
Резултати:
Њу Орлеанс – Индијана 128:109
/Вилијамсон 29 – Сиакам 22/
Филаделфија – Далас 121:114
/Мекси 38 – Дејвис, Флаг 24/
Торонто – Бостон 96:112
/Инграм, Мамукелашвили 24 – Причард 33/
Детроит – Шарлот 112:86
/Канингем 22 – Бриџис 19/
Мемфис – Вашингтон 122:130
/Алдама 37 – Џорџ 28/
Голден Стејт – Феникс 119:116
/Кари 28 – Букер 38/
Јута – Орландо 127:128 пп
/Џорџ 27 – Бејн 32/
Сакраменто – Портланд 93:98
/Шредер 21 – Авдија 24/

