Спорт
(Видео) Мартинез сакаше да се тепа со навивачите на Арсенал, Емери не се ракуваше со Артета
Бурно беше на „Емирати“, по победата на Арсенал над Астон Вила. Лидерот победи со 4:1, ја прекина серијата на Вила од 11 победи во сите натпреварувања.
Првиот гол, во 48-та минута, го одреди текот на натрпреварот. Сега веќе заштитиниот знак на Арсенал, играта од прекин, повторно донесе резултат. Погоди Габриел, гостите бараа прекршок врз голманот Емилијано Мартинез, но за сите останати Аргентинецот направи кикс, ја испушти топката.
Инаку, Мартинез дојде во Вила токму од Арсенал, чии навивачи едвај чекаа да го провоцираат по неуспех на „Емирати“.
Тие го навредуваа додека го напушташе теренот, а инаку темпераментниот Аргентинец дури сакаше да се соочи со нив, но беше спречен поголем инцидент.
Hubo insultos de los hinchas de Arsenal para Emiliano Martínez cuando se retiraba a los vestuarios tras la derrota del Aston Villa. pic.twitter.com/WAzEYTK1MB
— Futbol de Inglaterra (@Mercado_Ingles) December 31, 2025
Медиумите истакнуваат дека Унаи Емери веднаш замина во соблекувалната, не се ракуваше со колегата Микел Артета.
„Едноставно е. Мојата рутина е секогаш иста и брза. Се ракувам, а потоа веднаш одам со играчите и тренерскиот штаб во соблекувалната. Чекав. Тој (Артета) славеше со своите помошници. Решив да влезам внатре. Нема проблем. Не можам да чекам засекогаш. Беше ладно“, изјави Емери за „Скај Спорт“.
Mikel Arteta was wondering where Unai Emery was. pic.twitter.com/Hb87o8ktXx
— The Nomad Post. (@the_nomad_post) December 30, 2025
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вучверхемптон урнаа рекорд стар 120 години
Вулверхемптон, синоќа, освои бод на „Олд Трафорд“, против Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши 1:1, а Вулверхемптон урна негативен рекорд стар 120 години.
За прв пат по повеќе од 120 години, тим во англиската Премиер лига остана без победа во првите 19 кола од сезоната. Вулфс, досега освоија само три бода.
Последниот тим на кој му се случи ова беше Болтон, во сезоната 1902/1903.
На половина од сезоната, Вулверхемптон се 15 поени оддалечени од безбедната зона.
Сезоната продолжува, но атмосферата во тимот и меѓу навивачите е сè понапната, бидејќи статистиката не лаже, „Волците“ се речиси практично елиминирани.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ферстапен избран за возач на годината во Формула 1
Холанѓанецот, Макс Ферстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои светското првенство. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Ферстапен славеше петта година по ред.
Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои еден поен.
Пилотот на Ред Бул победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет.
За прв пат од почетокот на анкетата во 2018 година, Британецот Луис Хамилтон (Ферари) не успеа да влезе меѓу првите десет.
Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Јуки Цунода не гласаа.
Foto/ depositphotos
Спорт
Браим Диаз доби нов договор
Браим Диаз официјално ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.
И покрај тоа што ретко е во стартната постава, Мароканецот е важен дел од тимот и има голема доверба од Чаби Алонсо и Флорентино Перез.
Реал Мадрид одлучи да му понуди нов договор до 2030 година и сè што останува новиот договор да биде официјализиран.
Браим Диаз пристигна во Реал од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17.000.000 евра, но мораше да оди во Милан. Играше на „Сан Сиро“ од 2020 до 2023 година, а потоа се врати во Мадрид.
Ако се погледне неговиот вкупен учинок од 139 натпревари, тој постигна 21 гол и запиша 23 асистенции.
Чаби Алонсо очигледно смета дека може да биде од големо значење во наредните години, бидејќи може да игра на повеќе позиции и секогаш прави разлика кога доаѓа од клупата.
Foto/ depositphotos

