Македонија
Тутунот се продаде по речиси 420 денари за килограм
Откупот на тутунот заврши иако законски има уште еден месец. До Новата година се откупени вкупно 23.144 тони по речиси 420 денари за килограм.
Според Сојузот на земјоделските здруженија, остануваат уште околу 1500 тони тутун што треба да ги преземат откупувачите кои ќе работат по празниците.
– За мене е изнанадувачки брзо што заврши откупот на тутунот од ланската реколта. Но, помогнаа и временските услови да се забрза откупот. Во декември беше присутна релативната влажност што овозможи услови за домашната манипулација. Од друга страна, веројатно и на компаниите им требаше тутунот и затоа го прибраа родот многу брзо, објаснува Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.
За откуп, според Сојузот, има уште најмногу 1 500 тони тутун кои ќе се купат по празниците.
-Тутунарите да не стравуваат. Откупувачите ги поврзаа празниците, а потоа ќе ги преземат заостанатите количества тутун. Инаку, законскиот рок за откуп е до 28 февруари, објаснува Ристески.
Сојузот најавува дека од 15 јануари ќе ги почнат преговорите со откупувачите за цените и договорите за новата реколта тутун.
-Со компаниите од 15 јануари ги почнуваме преговорите за новите цени. Тоа ни е многу битно пред склучувањето нови договори, вели Ристески.
Во меѓувреме, течат разговорите за измени во Законот за тутун за што има работна група и битно е да се воспостави рамноправен однос меѓу производителите и откупувачите.
-Работната група постојано работи со Министерството за земјоделство, со Владата. Се фокусираме на законските измени за скратување на временскиот рок за откупот на тутунот, враќање на ингеренциите на Сојузот на земјоделските здруженија, како и олеснувањата што се однесуваат на поверениците.Тоа се најбитните измени кои треба да ги донесеме, објаснува Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.
Инаку, досега се донесени измените во Законот за да нема увоз на тутун додека трае откупот на домашното производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.







Македонија
Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ.
Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација, што е избор со кој ние не сме среќни, но е пат кој тие самите го одбрале. Кога оваа нова политичка симбиоза ЗаеФче се појавува на општествената сцена во Македонија, СДС ја направи маса и послужавник на услуга на сите сили кои сакаат да се послужат со партијата за свои лични интереси.
Венко со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

