Контакт

Македонија

Распределни 1.468 ЦЕМТ дозволи за 2016-та

Објавено пред

На електронската распределба на дозволи за 2016 година одржана во саботата, беа доделени илјада годишни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 5 стандарди и 468 за Еуро 6 стандарди, со што македонските превозници добиваат можност за работа на територијата на 43 држави.

dobivaj vesti na viber

Ова беше десетта година по ред на овој начин, односно по електронски пат да се распределуваат ЦЕМТ дозволите, со што треба да се избегне фаворизирањето на одредени превозници или други неправилности. Министерот за транспорт и врски ладо Мисајловски, обраќајќи им се на превозниците рече дека за 2016 година на располагање имаат вкупно 1.468 годишни ЦЕМТ дозволи, што е за 44 годишни дозволи повеќе во споредба со минатата 2015 година.

„Прелиминарната листа од денешната распределба ќе биде истакната на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски и во наредните осум дена во електронска форма ќе можат да се поднесат сите забелешки во однос на распределбата“, рече Мисајловски.

Информираше дека Министерството за транспорт и врски во континуитет оддржува состаноци на мешовитите комисии за меѓународен патен сообраќај, со цел да се овозможи дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои се остварува економска размена. Така, овозможен и целосно е либерализиран превозот со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија, Унгарија и БиХ, а воедно се обезбедени и дополнителни дозволи со повеќе земји, изјави Мисајловски.

Фокусот на Министерството е создавање непречен транспорт за македонските превозници и тоа останува приоритет, рече Мисајловски изразувајќи увереност дека ваквиот начин на распределба на спомеантите дозвили вистинскиот и правилен начин за дистрибуција на транспортни дозволи, кој ги исклучува сите сомнежи за манипуалции:

Како и претходните години, електронскиот систем е функционален и се базира на доверба и транспаретност, а важен елемент на електронското аплицирање и распределба е можноста за двојна проверка на податоците, со што се овозможува корегирање на евентуалните грешки во системот.

„Исполнувањето на сите критериуми, покрај возниот парк и вработените, подразбира и остварување добри финансиски резултати, вкупен приход, остварена добивка и како дополнителен ефект ефикасно користење на веќе добиените ЦЕМТ дозволи, овозможува на секоја фирма и оваа година и наредните години да земат повеќе ЦЕМТ-дозволи“, рече Билјана Муратовска, генерален секретар на здружението Макамтранс.

Таа го појасни и намалувањето на бројот на дозволите за одредени земји, како Грција, Италија, Русија и Унгарија, кои всушност го користат правото да направат одредено ограничување, и да не дозволуваат пристап на сите транспортери на нивна територија.

„Бидејќи ќе се спроведува одредена повелба за квалитет што ќе треба да важи за сите 43 држави, условот е доколку секоја држава ги исполни тие услови, тие држави да ги симнат тие ограничувања“, додаде Муратовска./крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Oбвинувања за канабисот: ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за лиценците, СДСМ прашува кој дозволил 5 тони дрога да ја поминат границата

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и утрово разменија обвинувања поврзани со лиценците за производство на канабис и со запленетата марихуана....

Топ1 час

Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за модуларната болница во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Венко Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија...

Македонија1 час

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради обилните врнежи од дожд се регистрирани поплави во повеќе региони во...

Македонија2 часа

„Власта дели тендери како колачи – 74 тендери само за една фирма за две години“, велат од СДСМ

„Додека владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра, додека кратат 40 милиони евра субвенции за земјоделците,...

Култура2 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа2 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет3 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа3 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа4 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет4 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија13 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија16 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија19 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија21 час

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија21 час

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија23 часа

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет1 ден

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...