Македонија
Македонија2025: Самитот е водечка регионална платформа за споделување на знаење
Форумот Македонија2025 најавува бесплатен настан кој е дел од Македонскиот економски самит и е посветен исклучиво на младата популација.
Настанот „Разговор со лидерите“ со поднаслов „Младите професионалци како поттикнувачи на економскиот развој“ е моделиран според ТЕД говорите, каде што говорниците имаат десет минути да ги пренесат нивните најкорисни совети.
Организаторот се погрижи говорниците да бидат од поширок спектар на области и ниво во кариерата, со цел да бидат доловени разновидни искуства и совети. Освен луѓе што имаат долгогодишно искуство во своите професии, како Мајк Зафировски, Лу Наумовски и Џим Дан, ќе зборуваат и млади професионалци кои постигнале значаен успех и се стекнале со одговорни улоги во компаниите каде што работат.
„Разговор со лидерите“ е дел од заложбата на Македонија2025 да поттикнува развој на претприемништво и лидерски вредности кај младите, кои играат значајна улога во развојот на економијата и општеството.
На главниот дел на самитот, еден од панелите ќе биде посветен на предизвиците што ги соочуваат земјите во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. На овој панел клучниот говор ќе го даде поранешниот премиер на Грузија, кој важи за првиот вистински реформатор што и донесе напредок на оваа земја, господинот Ника Гилаури. Мајк Зафировски ќе зборува за водечките процеси што се потребни за суштинска трансформација на економиите во овој дел на Европа.
На панелот, аналитички увид за предизвиците и промените ќе дадат и други искусни експерти во областа на банкарството и економијата како господинот Бранко Богунович од „Хорват Консултинг“ од Хрватска, Газменд Кадриу од „Уни Банк“ во Албанија и гБранка Павловиќ од „Охридска банка“ во Македонија, меѓу другите.
Несомнено е дека самитот ќе оствари впечатлив учинок на начинот на кој во Македонија се води бизнис и во тоа како земјата се поврзува со регионот и остатокот од Европа. Од организаторот се убедени дека говорниците ќе делуваат инспиративно во обидот да се прошират перцепциите што домашните претприемачи го имаат во поглед на успехот. Меѓу другото, досега своето учество го потврдија претставници на познати компании од широк спектар на индустрии што претставува можност за стекнување нова соработка.
Дел од тие компании е McKinsey & Company, Horwath Consulting, General Electric, SAP, Oracle, Panasonic, Data Talks, Detecon, Bel Medik, Austrian Airlines, Pacific Institute, Viral Nova, LittleThings. Освен компаниите од странство, на самитот ќе и голем број претставници на домашни компании. На самитот севкупно ќе има повеќе од 40 говорници од повеќе од 20 земји, 27 спонзори и повеќе од 250 учесници./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

