Контакт

Вести

За Трамп, Путин е подобар водач од Обама

Објавено пред

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп продолжува да ги предизвикува критиките од демократскиот табор откако во средата изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подобар водач отколку американскиот претседател Барак Обама, користејќи го телевизискиот форум за да се прикаже себеси како поспособен за потврдување на американското глобално водство.

dobivaj vesti na viber

Кандидатот за американските претседателски избори на 8-ми ноември од Републиканската партија, Доналд Трамп, во соочувањето со кандидатката на Демократската партија, поранешната прва дама на САД и државна секретарка Хилари Клинтон, во кое се појавија еден по друг, тврдеше дека на американските генерали им биле „врзани рацете“ токму од политиките на Клинтон и на претседателот Барак Обама.

„Мислам дека под водство на Барак Обама и Хилари Клинтон генералните беа срамнети со земја. Тие се ослабени до нивото кое е срамотно за нашата земја“, изјави Трамп на форумот организиран од телевизиската мрежа NBC под наслов „Врховен командант“ во Њујорк на кој присуствуваат и воените ветерани.

Ова е првпат Трамп и Клинтон да се појавуваат заедно на иста сцена откако во јули ги прифатија номинациите на своите партии за трката за освојување на Белата куќа.

Клинтон беше испитувана и е многу критикувана поради нејзиното незаконско постапување со доверливата дипломатска пошта преки приватна електронска адреса и приватен сервер додека беше државна секретарка во првиот претседателски мандат на Обама, Меѓутоа директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, кого го именува шефот на државата, ја прогласи за „крајно невнимателна“ во постапувањето со чувствителни материјали од интерес за националната безбедност, но не препорача обвинение против неа.

„Го правев точно она што требаше да го правам и се однесувам кон тоа многу сериозно, секогаш бев и секогаш ќе бидам“ сериозна, рече Клинтон.

Пофалувањето на Путин од страна на Трамп и неговиот предлог САД и Русија да воспостават сојуз за да ја поразат џихадистичката Исламска држава би можела да предизвика чудење на експертите за меѓународна политика, кои сметаат дела Москва се вмешува во сириската војна за ја запре граѓанската војна, забележува Reuters, меѓутоа притоа изостанува оцената за американското учество во оваа војна.

„Доколку тој (Путин – з.р) зборува одлични работи за мене, јас ќе кажам одлични работи за него. Секако во тој систем тој е водачот, далеку отколку што е нашиот претседател“, реле Трамп зборувајќи за рускиот претседател.

Трамп во говорите од пред неколку седмици ги нарече Обама и Клинтон „основачи на Исламската држава“, што наиде на критики кои го натераа на кампањата да ѝ пристапи со поголема воздржаност. Тоа, пак, резултираше со тоа што од тогаш ја престигна Клинтон во истражувањата на јавното мнение за нивната популарност меѓу гласачите.

Трамп, исто така, навести дека дознал нешто во доверливите разузнавачки информации кои американски функционери му ги доставувале, имајќи предвид дека е претседателски кандидат на Републиканската партија.

„Една работа ме шокираше. Дознав дека нашето водство, Барак Обама, не го следел она што нашите експерти .. го кажале дека треба да го стори, и бев многу многу изненаден… Нашите челници не го следеле она што овие го препорачале“, рече Трамп.

Претходно во средата Доналд Трамп вети дека ќе го поттикне американското воено јакнење, велејќи дека САД се загрозени како никогаш претходно во историјата од непријателите како што се исламските екстремисти, Северна Кореја и Кина./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово,...

Македонија2 часа

(Видео) До 11 часот и 15 минути гласале 9,38 проценти од избирачите

До ДИК, до 11 часот и 15 минути не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале...

Македонија3 часа

Регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Македонија4 часа

(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа...

Македонија4 часа

(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки...

Свет4 часа

Откриен новиот услов на Путин за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, побара целосна контрола врз Донецк, стратешки...

Македонија5 часа

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем....

Европа5 часа

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за...

Uncategorized6 часа

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

Голем број беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ Европа во последните недели, предизвикувајќи тревога поради повторените упади со дронови...

Свет6 часа

(Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на...

Свет6 часа

Хамас предаде уште две тела на заложници, израелската армија идентификуваше едно

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го идентификуваа телото на еден од заложниците вратени од Хамас како дел од договорот за прекин...

Македонија6 часа

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна...

Македонија22 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ1 ден

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија1 ден

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија1 ден

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија1 ден

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија1 ден

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион2 дена

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...