Црна хроника
Ограбен СП маркет во Бутел и стан во Тетово

Двајца разбојници во понеделникот вечер го ограбиле СП маркет лоциран на улицата Александар Урдаревски во Бутел, соопшти МВР.
Според истиот извор, две засега непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол извршиле разбоништво при што одзеле околу 50.000 – 60.000 денари дневен промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на настанот. Во периодот од 01.07. до 04.07.2016 година во Тетово, на ул.„ЈНА“, во стан сопственост на В.В.(1957), непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 2500 евра и поголема количина златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 320.000 денари. Сторител со употреба на погоден предмет ја отворил металната влезна врата, влегол внатре, извршил пребарување ги нашол и одзел парите и златниот накит и напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/мф
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.