Црна хроника
Се опиле во Охрид па удриле и на полицајците

Две лица од Албанија биле приведени заради нарушување на јавен ред и мир во Охрид, откако се опиле, па мавале и по полицајците.
Околу 1.45 часот, во понеделникот, во Охрид на улицата „Коста Абраш“ поточно во кафе бар „Ликвид“, по претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, од страна на полициски службеници од ПС-Охрид биле забележани две лица кои биле под дејство на алкохол и се однесувале агресивно. На барање на полицисиските службеници да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што од страна на полицисиски службеници врз лицата се употребени е средства за присилба – физичка сила, гумена палка и врзување со лисици. Лицата се лишени од слобода и е утврдено дека се работи за М.М.(29) и М.Р.(25), двајцата од Подградец, Албанија. На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. Лицата се задржани во полициска станица Охрид за понатамошна постапка./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.