Контакт

Македонија

Груевски: Соработката со ОАЕ ќе придонесе за подобра трговска размена и нови инвестиции

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски и владината делегација во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во понеделникот оствари посета на Стопанско-индустриската комора на Дубаи, каде што се сретна со претседателот на Комората, Маџид Саиф Ал Гураир.

dobivaj vesti na viber

Комората на Дубаи е најголема стопанска групација во Емиратот во која членуваат над 170 илјади стопански субјекти чиј што вкупен годишен обрт на средства надминува 100 милијарди американски долари. Членовите на владината делегација ги претставија можностите за инвестирање кои ги нуди Македонија.

Груевски истакна дека е од исклучително значење градењето и унапредувањето на добрите политички односи да биде проследено со интензивирање на економските односи помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

„Целта на нашата посета е да ги унапредиме економските и политичките односи меѓу нашите земји. Всушност, ние немаме некое отворено политичко прашање, но преку повеќе контакти можеме да ги подобриме нашите врски, нашата политичка соработка и има многу простор да се подобри економската соработка. Сето тоа ќе придонесе да се подобри најпрво трговската размена, па потоа инвестициската активност и другите форми на економска соработка“, изјави премиерот Груевски.

Претседателот на македонската Влада Груевски истакна дека Република Македонија нуди најниски трошоци за правење бизнис во Европа, кои се карактеризираат со најнискиот даночен пакет во Европа, и со најниска ефективна даночна стапка во светот во износ од 7,4 отсто.

Додаде дека хендикепот со малиот национален пазар е надминат со потпишувањето на договори за слободна трговија со сите земји од континентот Европа, со кои се овозможува пласирање на производите кои се произведени во Македонија на пазар од над 660 милиони потрошувачи, без плаќање на царини и останати надворешно трговски такси.

Вицепремиерот Владимир Пешевски се задржа на презентација на квалитетот на едуцираната работна сила и на отвореноста на Владата за поддршка на приватните бизниси, како и на намалувањето на административните бариери за водење бизнис што се реализираше преку проектот Регулаторна гилотина.

Претседателот на Стопанско-индустриската комора на Дубаи, Ал Гураир, позитивно ги оцени поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори, истакнувајќи дека посетата на Груевски на Емиратите доаѓа во позитивен момент и е од исклучително значење за унапредување на меѓусебната соработка.

„Активно работиме на меѓународната експанзија и на идентификување на нови пазари за нашите бизнис членки и оваа посета не можеше да дојде во подобро време затоа што ние секогаш бараме нови можности и релации. Инвестициските можности кои Македонија ги нуди во сферата на агробизнисот, производството на храна, информатичко-комуникациските технологии, текстилната индустрија и во индустријата за автокомпоненти имаат синергија со Дубаи. Веруваме дека има мноштво можности за понатамошна билатерална соработка. Во ситуација кога трговијата помеѓу двете земји е недоволно развиена, треба да работиме на нејзино интензивирање и да капитализираме заедничка корист за двете земји, базирани на средината и политиките кои ги правиме“,  истакна   Маџид Саиф Ал Гураир.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, ги истакна поволностите кои се овозможуваат за реализација на инвестиции во нив, како што се даночните ослободувања.

„Емиратот Дубаи располага со економска моќ од околу 100 милијарди долари годишен бруто домашен производ, што значи дека тука не само што е развиен процесот на привлекување на инвестиции од целиот свет, туку уште повеќе луѓето и компаниите од Дубаи разгледуваат на кој начин подобро да го пласираат нивниот капитал во странство. Затоа денес остваривме средба и со Стопанската комора на Дубаи и она што Македонија го претставува пред оваа комора е многу значајно за да компаниите членки најдат соодветен интерес, зависно од сферата на работа, за да ја искористат Македонија за пласирање на своите производи или преку нашата држава да стигнат до европскиот пазар“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо./крај/мф/бс

Економија

УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Објавено пред

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.

По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.

Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Објавено пред

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.

Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.

Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.

„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.

Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.

Прикажи повеќе...

Економија

Побрз живот – побрзи навики, и времето е пари

Објавено пред

Живееме побрзо отколку што се живеело порано. На работа, дома, на улица, на интернет – сè се случува побрзо во споредба со минатото. Ова не е само паушална претпоставка изведена од нашите лични искуства, и науката докажува дека темпото на живот е забрзано. Постојат голем број студии и истражувања според кои модерниот начин на живот е подинамичен за разлика од пред 20 или 30 години. Некои од истражувањата се базираат на социолошки критериуми, додека, пак, други на технолошкиот развој. Едно од најзанимливите истражувања е она на професорот Ричард Вајсмен (Richard Wiseman) кој ја мерел брзината со која се движат пешаците во големите градови. Тој утврдил дека за 16 години, брзината, во просек, се зголемила за 10 отсто, односно луѓето сѐ повеќе брзаат кога се движат по градските тротоари.

dobivaj vesti na viber

Тргнете од сопствената практика и ќе утврдите дека од вас се очекува да направите повеќе работи во текот на денот во споредба со порано. Секојдневието е исполнето со обврски, рокови, мобилни нотификации и постојана трка со времето. Технологијата ни го олесни животот, но, истовремено, создаде нова динамика каде што сите очекуваат брза реакција, за само неколку минути. Во вакви услови, времето стана скапоцен ресурс затоа што, едноставно, имаме чувство дека сè помалку го има. Да, денот трае 1.440 минути, исто колку и пред сто години, но денес многу повеќе се цени можноста да завршите работа или да добиете услуга за неколку минути за да ви остане повеќе време за себе и за вашите најблиски.

Во услови кога изреката „и времето е пари“ станува сè порелевантна, на сите ни е важно да можеме само со неколку клика на мобилниот телефон да извадиме документ, да нарачаме храна, да резервираме одмор, да земеме брзи кредити.

Секако, кога се живее брзо, еден од највредните ресурси е брзиот пристап до пари. Credissimo има систем за одобрување кредити приспособен на брзото темпо на живот и обезбедува пари навреме за сите потреби, предизвици и желби на своите клиенти. Ќе доловиме само неколку ситуации кога е важно да имате брз и сигурен пристап до пари, со поволни услови за враќање.

  • На интернет начекувате LAST MINUTE понуда за некоја атрактивна летна дестинација, но дел од сумата треба да се уплати во наредните 24 часа. Тоа е трошок што не сте го планирале, а би било супер да може да добиете позајмица уште истиот ден.
  • Имате идеја за сопствен бизнис, но ви недостасуваат неколку илјади евра за да започнете со работа. Не сакате да губите време со долги банкарски процедури, бидејќи имате чувство дека треба да почнете веднаш.
  • Ви се расипа автомобилот баш во сезона на летни одмори. Поправката не чини многу, но семејниот буџет е планиран за летување на море.
  • Во некоја од соседните земји концерт најавува вашиот омилен бенд. Ви требаат пари за карти за концертот, за превоз, за сместување, храна и други трошоци. Правите пресметка дека сето тоа чини околу 400 евра, но во моментот немате толку средства на располагање.

Во вакви ситуации, времето е клучен фактор. Традиционалните начини на финансирање бараат долги процедури, документација и чекање. Затоа брзите кредити станаа составен дел од финансиската реалност на многу луѓе. Тоа не е случајно. Тие се приспособени токму на потребите на модерниот човек – брзина, едноставност и достапност.

Аплицирањето за брзи кредити во Credissimo е целосно онлајн, а постапката за одобрување трае само неколку минути, по што парите веднаш се достапни на вашата сметка. Притоа, нивните основни карактеристики се:

  • Достапни 24/7 – идеални кога ви треба брз пристап до пари
  • Транспарентни – со јасно дефинирани услови и трошоци
  • Флексибилни – со можност за избор на износ и рок на отплата според вашите можности

Како дополнителна поволност, сè уште е во тек понудата за тримесечни кредити со 0 % камата, со која враќате точно онолку колку што сте позајмиле, без никакви дополнителни трошоци.

Брзиот начин на живот не мора да значи дека сте принудени да живеете под постојан финансиски притисок. Со внимателно користење на модерните финансиски алатки, како што се брзите кредити, може да имате повеќе контрола врз сопствениот буџет, повеќе слобода во носењето одлуки и можеби, најважно, повеќе мир и слободно време во секојдневието.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија11 часа

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија12 часа

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ13 часа

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет14 часа

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија16 часа

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет16 часа

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет16 часа

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија1 ден

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија1 ден

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...

Свет2 дена

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и...

Свет2 дена

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...

Свет2 дена

(Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и...

Македонија2 дена

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...

Македонија3 дена

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија3 дена

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија3 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија3 дена

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...