Контакт

Вести

САД и Кина ги предадоа пристапниците за Парискиот договор за климата

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама и кинескиот претседател Кси Џинпинг во саботата своите земји ги приклучија на Парискиот договор за климатските промени, со што значително се зајакнуваат глобалните напори во борбата против климатските промени, оценуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на почетокот на самитот на земјите од групата Г20 во кинескиот град Ханжу, кој ќе се одржи во недела и понеделник, челниците на САД и на Кина, Барак Обама односно Кси Џинпинг на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун му ја предале писмената потврда дека нивните земји им пристапуваат на Парискиот договор за климатските земји. Државите од Г20 се одговорни за емисија на 80 отсто од штетните гасови во атмосферата.

„Потегот на двете земји, кои се најголемите загадувачи, сторен истовремено и рано, би требало да ги поттикне и другите земји поскоро да преземат нешто во овој правец“, изјавил советникот во Белата куќа за климат, Брајан Диз, пренесува агенцијата DPA.

Американскиот претседател Обама најави дека прашањето за климатските промени ќе биде еден од клучните делови на неговата последна азиска турнеја и на самитот на Г20 во Кина. Пред да допатува во Кина, тој го посети поморскиот резерват во Пацифик и се сретна на Хаваи со челниците на островските нации кои најмногу ги трпат последиците од климатските промени. Обама претходно донесе одлука значително да се прошири заштитената океанска област Папаганаумокуакеа на Хаваи познато по многуте морски видови, морски желки и до милиони морски птици, односно да се забрани комерцијалниот рибилов.

Претхотно во саботата службената новинска агенција Xinhua јави дека кинескиот парламент го ратификувал Парискиот договор за климатските промени, што е потег во полза на настојувањата овој договор да стапи на сила до крајот на годинава. Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес гласал за прифаќање на „предлогот за разгледување и ратификување на Парискиот договор“, на затворен состанок на редовната седмична седница, пренесува агенцијата.

Државите од Г20 се одговорни за 80 отсто од глобалната емисија на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, односно климатското загревање на планетата. САД, кои се вториот светски емитер на овие гасови, исто така, би требало да го ратификуваат договорот во обидите тој да стапи на сила до крајот на годинава.

Претставниците на околу 200 држави се договорија ланскиот декември во француската престолнина Париз за тоа да се намали емисијата на ткн стакленички гасови, како и да се задржи порастот на глобалната температура на под 2 Целзиусови степени.

Експертите предупредија дека веќе се заканува опасноста од надминување на оваа одредена температура, а агенцијата на Обединетите нации наведува дека 2016 година најверојатно ќе стане најтоплата година од почетокот на регистрирањето на овие податоци, и оти веќе ја надминала минатата 2015 година.

Додека 180 земји го потпишаа договорот, 55 држави коишто покриваат најмалку 55 отсто од глобалната емисија на гасовите треба формално да го ратификуваат договорот за да добие правна сила. Пред Кина и САД, 24 земји го ратификуваа договорот, а меѓу нив и Северна Кореја, но на сите нив заедно отпаѓа само 1,8 отсто од вкупната емисија на стакленичките гасови, според податоците од Рамковната конвенција на ОН за климатските промени.

Кина е одговорна за повеќе од 20 отсто од вкупната емисија, додека САД покриваат уште 17,9 отсто. Русија, пак, е одговорна за 7,5 отсто а Индија за 4,1 отсто од глобалната емисија на стакленичките гасови.

Договорот ќе стапи на сила 30 дена откако ќе го ратификуваат 55-те земји одговронби за повеќе од половината на емисијата на штетните гасови. Земјите кои го ратификуваа договорот ќе мораат да чекаат три години откако тој ќе стапи на сила пред да можат да го започнат процесот на повлекување од него, според договорот потпишан во Париз./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија11 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија11 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија15 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ16 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија16 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија18 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет18 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион19 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа20 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ20 часа

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет23 часа

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа23 часа

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа23 часа

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија23 часа

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...

Македонија1 ден

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија1 ден

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија1 ден

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија1 ден

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија2 дена

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...