Вести
Анкети: Трамп ја престигнува Клинтон
Кандидатот на Републиканската партија за американските претседателски избори на 8-ми ноември, Доналд Трамп ја престигнува според популарноста својата против кандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон, откако последните седмици се зацврсти поддршката меѓу веројатните гласачи во неговата партија, покажуваат последните резултати од анкетата на Reuters/Ipsos.
Анкетата спроведена во текот на седмицата од 26-ти август до 1-ви септември, покажува дека 40 отсто од веројатните гласачи би го поддржале Доналд Трамп, а 39 процени би гласале за Хилари Клинтон. Истовремено, 20 отсто од испитаниците се изјасниле против двајцата кандидати.
Во случајот, кога на испитаниците им било предложено да изберат еден од четворицата кандидати за претседателската функција, Трамп и Клинтон биле изедначени според поддршката со 39 отсто. Меѓу републиканските избирачи, дека ќе гласаат за Трамп се изјасниле 78 отсто од испитаниците.
Анкетата била спроведена интернет во сите 50 сојузни држави на САД, и со неа биле опфатени 1.804 испитаници.
Поранешната прва дама и државна секретарка на почетокот од август во анкетата на Reuters/Ipsos имаше предност од рекордни дванаесет а потоа пред неколку седмици од осум процентни поени пред републиканскиот кандидат.
Во коментарот Reuters забележува дека досега Доналд Трамп само двапати водел во анкетите пред Хилари Клинтон, и тоа во мај и во јули.
Збирните резултати од неколку големи анкети покажуваат дека последните седмици предноста на Хилари Клинтон се намалува, но според тие анкети таа сепак уште изнесува меѓу 3 и 7 процентни поени. Некои, пак, анкети покажуваат дека разликата меѓу двата претседателски кандидата е уште помала.
Во петокот беше објавена и телефонската анкетата на весникот USA Today и универзитетот Сафолк, направена во периодот меѓу 24-ти и 29-ти август, и во којашто учествувале илјада полнолетни Американци.
Според оваа анкета, за Хилари Клинтон во овој момент се подготвени да гласаат 42 отсто од испитаниците, а Доналд Трамп имаат намера да го поддржат 35 проценти од гласачите. Кандидатот на Либертаријанската партија, Гери Џонсон има поддршка од 9 отсто, а кандидатката на Зелените, Џил Штајн има 4 отсто поддршка. Притоа 10 отсто од испитаниците биле неопределени,.
„Значителна поддршка на Клинтон ѝ даваат жителите од Источниот и Западниот брег, како и Американките од целата земја“, коментира директорот на Центарот за политички истражувања во Бостон, Дејвид Пелеологос,
Така Клинтон има поддршка во анкетата на USA Today од 54 отсто од жените во САД, наспроти Трамп со 38 отсто поддршка. Поранешната прва дама има предност и меѓу расните малцинства, па кај афроамериканците има популарност од 92 отсто и 65 отсто меѓу хиспаноамериканските избирачи. Трамп, покажува ова истражување, во овие задници има само 4 односно 24 отсто поддршка.
За Клинтон би гласале и 58 отсто од жителите на североисточните делови на САД и 52 отсто од Западниот брег, а истовремено Трамп во овие региони имал поддршка од по 35 отсто од испитаниците.
И покрај фактот што во анкетата објавена во USA Today аутсајдерите не добиле поддршка од 15 отсто од испитаниците, што би им дало шанса за учество во предизборните дебати коишто ќе започнат есенва, Американците сакаат да ги слушнат и нивните идеи за реформи во земјата. Дури 76 отсто од испитаниците го поддржале предлогот за вклучување кандидат од трета партија во дебатата меѓу Трамп и Клинтон, Против таквата идеја се изјасниле 17 отсто од испитаниците а 7 проценти биле неопределени.
Телевизиските дуели меѓу кандидатите на Републиканската и на Демократската партија се закажани за 26-ти септември, и 9-ти и 19-ти октомври.
И Трамп и Клинтон и натаму имаат високо ниво на непопуларност, 59 отсто за републиканецот и 51 процент за демократката. Речиси секој петти испитаник одговорил дека не му се допаѓаат и двата кандидата. Притоа на Трамп не му веруваат 61 отсто, а на Клинтон 59 отсто од испитаниците во анкетата на USA Today./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.