Контакт

Вести

Мајка Тереза прогласена за светa

Објавено пред

Мајка Тереза, којашто животот го посвети на најсиромашните отфрлените, поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пред ја прогласи во неделата за светица на литургијата на Плоштадот на свети Петар во Рима, којашто ја следеа околу сто илјади верници, и во присуство на бројна делегација од Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Ја прогласуваме благословена Тереза од Калкута за света и ја ставаме на листата на светци, наложувајќи да биде почитуваната од целата Црква“, објави папата Франциск.

Во католичкиот календар Мајка Тереза или Света Тереза од Колката ќе се слави на 5-ти септември, ден на нејзината смрт. По завршувањето на целата церемонија, папата Франциск ќе подели оброци за 1.500 сиромашни, за кои се грижат Мисионерките на љубовта, сестринство кое го востановила самата Мајка Тереза.

Папата ја прогласи за света откако Ватикан призна две нејзини чуда, и двете поврзани со излекување на болни, едното во Индија, кое некои скептици го оспоруваат, а другото во Бразил. Кон крајот на 2002 година комисијата на Ватикан призна дека една Бенгалката Моника Бесра, која имала тумор на стомакот, оздравела откако и се молела на мајка Тереза. Минатата 2015 година во декември признаено е другото нејзино чудо, заздравувањето на Бразилец кој во 2008 година се опоравил од тешка инфекција на мозокот. Се очекува тој Бразилец со сопругата да присуствува на прогласувањето на мајка Тереза за светица.

По прогласувањето за светица и налогот од Папата дека „како таква мора да ја почитува целата Црква“, ширум Индија започнаа молитвените и други свечености.. Во Колката се поставени големи телевизиски екрани за да може да се следи церемонијата на римскиот Плоштад на свети Петар. Пред седиштето на Мисионерките на љубовта во Колката (Калкута) имаше собрано стотици верници, а претседателот Мухреџи Мајка Тереза ја нарече „месија на сиромашните и столб на поддршка за изнемоштените и напатените“, додавајќи дека секој Индиец е горд на нејзината канонизација.

По повод нејзината канонизација во центрите на Мисионерките на љубовта, и куќите на Мајка Тереза низ Индија, вклучително и во Скопје, се одржуваат посебни литургиски славења и групни молитви. Голем собир е најавен и во градот Ахмедабад. Во католичките епархии во Индија се организираат заеднички оброци, симболички потсетувајќи на служењето на Мајка Тереза на сиромашните и на оние на кои им е потребна помош.

Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква. Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот „Свети Петар“ во 2003-та година, на која присуствуваа над 300.000 верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и македонска делегација, предводена од покојниот претседател Борис Трајковски.

На канонизацијата на Мајка Тереза присуствуваа многубројни верници и високи гости од целиот свет. Како земји на нејзиното потекло, раѓање и мисија, Македонија, заедно со Албанија и Индија имаа посебно место на оваа свеченост.

Веќе во својата 12-та година Агнес осознала дека сака да му служи на Бога и на сиромашните. На 18-годишнат возраст се придружила на Сестринството на Богородица од Лорета, ирско сестринство кое водело училишта во Индија. Тогаш го зема името Тереза.  Во Индија од Даблин пристигнала во 1929 година и подучувала во училиште за девојчиња во Калкута денес Колката, водено од сестринството. На улицата пред манастирот секојдневно гледала изнемоштени и сиромашни бездомници за кои никој не се грижел. Во 1946 година во воз за Дарџеелинг, според нејзините сеќавања, го слушнала повикот на Господ да му се придружи на Исус во грижата за сиромашните. Ватикан една година подоцна ѝ дозволува да го напушти сестринството на Богородица од Лорет и да го отвори првото училиште во сиромашниот дел на Колката.

Мајка Тереза почина на 5-ти септември 1997 година, во 87 година од животот. Нобеловата награда за мир ја доби 1979 година, поради нејзината хуманитарна работа. Родена е на 26-ти август 1910 како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје. Името Мајка Тереза го носи од 18-та година. Во Индија, преу Даблин каде што кусо се задржува во манастирот на Лоретските сестри, се преселила на 19 години, во 1929 година, а во 1946 го основа редот „Мисионерките на милосрдието“ кој сега во над 133 земји обединува 4.500 сестри. Половина век мајка Тереза во Калкута и во други делови на светот им помагаше на болните, сиромашните, сираците. Државјанка на Индија е од 1951 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија2 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија2 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија4 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион16 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет19 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија19 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија20 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ22 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ22 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија23 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија1 ден

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 ден

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 ден

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 ден

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 ден

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион1 ден

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет1 ден

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....