Општество
Студентите се подготвуваат за револуцијата во енергетскиот сектор
Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе се презентираат на третата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2015“, која започна во четврток на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје.
Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе се презентираат на третата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2015“, која започна во четврток на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје.
Конференцијата претставува одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, професорите и компаниите од енергетскиот сектор, рече организаторот на настанот, Бодан Велковски, претседател на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој (СКЕЕОР Скопје). „Студентите како идни инженери се повеќе ќе се справуваат со проблеми и предизвици кои ги наметнува револуцијата во енергетскиот сектор. Оваа меѓународна конференција претставува мост на соработка меѓу студентите и професионалците од регионот, кои работат заедно на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина. Ова е единствена можност да се соберат студентите, професорите, експертите и успешните компани од областа“, објасни Велковски.Професорката Маргарита Гиновска од ФЕИТ, координатор на конференцијата, објасни дека се повеќе се зголемува бројот на пријавени трудови, но и нивниот квалитет. Според деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, кој ја отвори конференцијата, Факултетот комплетно посветува внимание на енергетиката како област. „ФЕИТ докажува дека ги има најдобрите студенти кои знаат и умеат да организираат меѓународна конференција на високо ниво. Ова значи дека тие ќе бидат и добри стручњнаци во областа, чиј напредок е енормно голем. Тоа се огледа во се поголемиот интерес кај студентите за енергетиката, поголемиот број запишани студенти на Факултетот и од интересот за организирање ваков тип конференции, кои се можност за учење и размена на искуства меѓу студентите, но и со сите останати релевантни чинители“, рече Станковски. Бујамин Шеапи, електроинженер во компаниите Везешари, го пренесе своето искуство во работењето на полето на енергетската ефикасност во првата биогас централа во Македонија, „Електрошари“.„Во нашите компании, овој проект се реализира веќе една година со 15 мерни места. Станува збор за инвестиција која треба и вреди да се направи затоа што е исплатлива“, рече Шеапи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.