Црна хроника
Педофил се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд – Битола

Педофил се самозапалил утрово и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд во Битола, затоа што од денеска требало да почне да издржува затворска казна од 10 години за полов напад врз дете.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство, околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала.Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.Лицето било осуденик кој денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – полов напад врз дете кое не навршило 14 години.За понатамошниот тек на постапката јавноста ќе биде дополнително информирана./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.