Контакт

Општество

FIA открива кои податоци се следат на „поврзаните автомобили“

Објавено пред

FIA Region I откри дека сопствениците на возила кои се од типот „поврзани автомобили“, треба да имаат право да изберат кои податоци би сакале да ги споделат или пак, потполно право да го исклучат делењето податоци.

dobivaj vesti na viber

Во врска со „поврзаните автомобили“, со оваа кампања се бара заштита на податоците, при што законодавството треба да обезбеди возачите да ја задржат сопственоста на податоците, а нивното користење да биде само преку информирана согласност од страна на возачот.Се бара и слободен избор, при што возачите треба да имаат право да го изберат давателот на услугите.Исто така, треба да се овозможи лојална конкуренција, а давателите на услуги треба да имаат право да развиваат безбедни производи и функционалности.Кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!) и студиите беа лансирани во Европскиот парламент во Стразбур на 24 ноември 2015 година, на коктел организиран од европратеничката Evelyne GebhardtИстрагата спроведена на две возила, конвенционално возило на гориво и електрично возило, откри дека податоци за профилот на возачот, локацијата на возилото, должината на патувањето, како и лични податоци од синхронизацијата на мобилните телефони, се следат и повратно се праќаат до производителот. Јавната анкета спроведена со цел да се идентификува степенот на познавање на јавноста, покажува висок степен на заинтересираност за „поврзаните автомобили“. Меѓутоа испитаниците од 12 европски земји, при анкетирањето, пренесоа јасна порака: 90% се изјаснија дека податоците за возилото му припаѓаат на сопственикот или возачот на автомобилот. Токму оваа порака е пренесена на европратениците за време на настанот организиран по повод лансирањето на кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!). Притоа, граѓаните се најмногу загрижени за откривање на приватни податоци (88%), комерцијална употреба на личните податоци (86%), хакирање на возилото и негово следење. 95% од испитаниците веруваат дека постои потреба од посебно законодавство за заштита на податоците на возилото и возачот.„Постои јасна разлика меѓу податоците кои се следат и оние кои граѓаните навистина се подготвени да ги прифатат кога станува збор за податоци од „поврзаните автомобили“. Треба да се пронајде решение не само за заштита на податоците, туку и за обезбедување на континуирана информираност и слободен избор на даватели на услуги. „Поврзаните автомобили“ се веќе на пазарот, способни да следат и комуницираат приватни податоци за потрошувачите. Сега е моментот креаторите на политиката да завземат цврст став и да ги заштитат потрошувачите“,рече претседателот на FIA Region I, Thierry Willemarck. „Потрошувачите имаат право да знаат кои податоци ги споделуваат кога го возат својот автомобил. Во моментов, само производителите на автомобили имаат пристап до овие податоци. Европејците заслужуваат да имаат контрола над нивните податоци и давателите на услуги со кои ќе изберат тие податоци ќе ги споделат. Исто така, тие мора да имаат можност да ја исклучат целокупната комуникација“, рече европратеничката Evelyne Gebhardt.На основа на овие две студии, FIA Region I и нејзините клубови, членки од Европа, меѓу кои и АМСМ, ја започнуваат кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!), со цел зголемување на јавната свест за податоците од „поврзаните автомобили“, донесување соодветна законска регулатива и обезбедување на фер пост-продажни услуги за „поврзаните автомобили“./крај/со/бб

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа5 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа5 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија6 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија6 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија7 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура8 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ13 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија14 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет14 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија14 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија14 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 ден

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија1 ден

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет1 ден

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ1 ден

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ1 ден

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион1 ден

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...