Вести
Ненадејна посета на Доналд Трамп на Мексико во среда
Доналд Трамп ќе се сретне во среда во Мексико со тамошниот претседател Енрике Пена Нието, во ненадејно патување на републиканскиот претседателски кандидат во оваа земја којашто според обвинувањата на неговите противници со години ја омаловажувал поради масовната илегална имиграција во САД.
Американскиот милијардер објави ноќта кон средата по средноевропско време на Twitter дека позитивно одговорил на поканата на шефот на мексиканската држава. Според соопштението, повикот му е упатен во петокот на Доналд Трамп, како и на неговата противкандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон.
Станува збор за приватни средби, истакнаа од кабинетот на мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието.
Тоа ќе биде прва средба на претседателскиот кандидат Трамп со некој шеф на држава.
„Верувам во дијалогот околу промовирањето на интересите на Мексико во светот и, првенствено, околу заштитата на Мексиканците, каде и да се наоѓаат“, напиша на социјалните мрежи Нието, чијашто популарноста е во моментов на најниското ниво.
Патувањето на Трамп во Мексико е уште повеќе изненадувачко поради тоа што тој својата кандидатура во јуни 2015 година ја отвори со обвинувањата кон Мексико дека преку заедничката граница со САД испраќа криминалци, силувачи и криумчари со дроги.
Својата кампања ја градеше на ветувањето за непопустливост кон илегалната имиграција обврзувајќи се дека веднаш да се подигне ѕид на јужната граница и ќе протера 11 милиони лица без документи, повеќето Мексиканци, кои живеат во САД.
Во еден од своите говори Трамп рече и дека сметката за овој ѕид ќе ја плати Мексико., што Пена Нието категорички го одби. Мексиканскиот претседатели во март годинава го спореди Доналд Трамп со Хитлер и со Мусолини.
Меѓутоа, републиканскиот кандидат кој минатата седмица драстично го намали своето заостанување зад демократската кандидатка во анкетите, предизвика сомневања во можното променување на својот став кон имиграцијата, особено кон хиспаноамериканската популација пред да се врати на старите ставови.
Во средата се очекува да се разјаснат ставовите на Трамп по ова прашање. Вечерта по локално време треба да одржи говор во Феникс, во сојузната држава Аризона, низ којашто минуваат бројните илегални доселеници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.