Македонија
Низ Македонија транзитирале речиси 800.000 бегалци од почетокот на 2015 година
Во периодот од 1 јануари 2015 година до крајот на јуни 2016 година низ територијата на Република Македонија транзитирале близу 800.000 мигранти, што е повеќе од една третина од бројот на жители на Република Македонија, изјави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Конференцијата „Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес“, која беше организирана од Македонското здружение на млади правници во соработка со амбасадата на Кралството Норвешка.
„Справувањето со оваа состојба беше, без сомнение, еден од најголемите предизвици во последниот период. Се работеше за категорија на лица кои воопшто не сакаа да се задржуваат на територијата на државата, туку во што пократок рок да транзитираат низ неа, и секое нивно подолго задржување значеше и предуслов за немири и нарушување на јавниот ред и мир. Во такви услови, од една страна требаше да се обезбеди ефикасна контрола на границите и контрола на мигрантите кои транзитираа низ државата, а од друга страна да се заштити животот и здравјето на овие лица“, рече министерот Спасовски. Тој ја потенцира и поддршката на голем број држави од Европската Унија кои преку донации, но и со испраќање на свои полициски службеници во Македонија помогнаа во справувањето со овој проблем.„Од 21 декември 2015 година до денес во обезбедувањето на нашата јужна граница учествуваат и полициски службеници од Австрија, Чешка, Полска, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија, Словачка… Од март 2016 година трошоците за нивниот престој ги покрива Европската Унија преку проект имплементиран од Интернационалната организација за миграции. Во моментов на јужната граница се распоредени 166 странски полициски службеници. Состојбата на јужната граница сега е значително поразлична од онаа во 2015 или првите три месеци од 2016 година, но кризата е далеку од завршена. Во просек дневно се спречуваат и до 100 обиди за илегален влез во Република Македонија, иако во последните две недели оваа појава бележи тренд на намалување“, рече министерот Спасовски. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

