Забава
Картахена на Голема Богородица го чека проколнатиот едреник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/IMGP4280-1.jpg)
Шпанскиот пристанишен град Картахена на католичкото одбележување на празникот Голема Богородица го исчекува покажувањето на проколнатиот едреник кој локалното население го потсетува на судирот меѓу муслиманскиот и христијанскиот свет кој е актуелен и денес во Европа.
Во заливот пред Картахена, кога молњите во ноќта ќе го осветлат морето, на хоризонтот може да се виде привидението на едреникот потопен на тоа место пред 407 години, кажува легендата којашто се пренесува со генерации.
Тоа е приказна во којашто и денес веруваат старите луѓе, велат помладите. Ја слушале кога биле мали па и денес љубопитно гледаат кон заливот кој е заштитен од високите карпи.
По инвазијата на Маварите од северна Африка, шпанските владетели по неколку векови во рамките на реконквистата ја повратиле власта, а Картахена повторно ја заземале во 1245 година.
Четири векови подоцна благородникот Луис Гаре се вљубил во исто така благородничката Ленор де Оједо, но таа љубела друг маж познат како Карлос Ларедо. Ларедо всушност бил потомок на Арапи и неговото вистинско име било Јусуф бен Али.
Шпанците во тој период ги покрстувале луѓето како него, познати под називот „Морискос“, а Јусуф тајно, без никој за тоа да знае, го земел христијанското име поради љубовта кон благородничката. Кога тоа го открил, љубоморниот Гаре ги пријавил, а шпанската Инквизиција го погубила Јусуф на клада.
Тагата на благородничката била голема, но не како на Фатима, сестрата на Јусуф. Таа го завела Гаре за да му се одмазди, настојувајќи да го однесе на галија каде што ќе весла до крајот на животот. Благородникот се разбудил окован во пранги во потпалубата на едреникот. Во темнината успеал да се ослободи, а кога видел каде е земал факел и случајно предизвикал пожар. Огнот го зафатил барутот и во експлозијата сите загинале.
Се случило тоа во 1609 година, една година пред Шпанците преку пристаништето во Картахена да ги протеруваат потомците на Маварите во обратен правец.
Денес Картахена е трговско и воено пристаниште, меѓутоа масовниот туризам последните децении го промени гардот и околните места. Уредените ресторани, кафулиња, плажи и музеи се во понудата за туристите. А легендата за едреникот младите не ја знаат па ја нема во промотивните материјали. Сепак таа и натаму живее во разговорите на старите луѓе, а кога сонцето ќе зајде на Голема Богородица, гледаат кон хоризонтот за да го здогледаат проколнатиот брод./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Јелена Розга за здравјето: Ситуацијата не е најдобра, тоа ме лути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/jelena-rozga.jpg)
Јелена Розга неодамна одржа седум концерти во белградскиот „Сава центар“. Пред последниот концерт таа заврши на инфузија и објасни дека резултатите од тироидната жлезда и тестовите се многу лоши.
По тоа, минатиот викенд настапи на доделувањето на наградите „Цесарица“, а сега проговори за својата здравствена состојба.
„Одморив малку, добро сум. Ме видовте на сцената, се забавувам, полна сум со енергија, секогаш си поминувам одлично со мојата публика. Толку многу ја сакам мојата работа и толку многу сакам да бидам на таа сцена. Добро е додека сум со нив. Сега се занимавам со моето здравје, ситуацијата не е најдобра, но сè ќе биде во ред, работиме на тоа“, вели Јелена за хрватски „Стори“.
View this post on Instagram
„Ништо не ме нервира. Единственото нешто што ме нервира е моето здравје, кое не е како што би сакала да биде и не ме слуша како порано. Но, навистина се трудам да живеам здрав живот, да спијам многу и да се одморам. Сепак, стресот понекогаш си го зема својот данок, но јас не се откажувам“, додала таа.
Забава
Уличен забавувач го обвини Диди за силување: Ми стави дрога во пијалакот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/16fb9035-db2d-411a-947d-9fd663288150-1.jpg)
Анонимен уличен забавувач поднел тужба против Диди, со вистинско име Шон Комбс. Според TMZ, непознат маж тврди дека раперот го поканил во својот дом, му го наполнил пијалокот со дрога и потоа го силувал.
Во тужбата се наведува дека на забавувачот му пришол ловец на таленти на Диди и дека бил поканет на една од забавите на раперот. Мажот тврди дека откако пристигнал во куќата на Диди, разговарал со раперот за неговата колекција на накит. Наводно, Диди го однел во приватна соба, каде што човекот почнал да се чувствува избезумен и еуфоричен и покрај тоа што испил само една пијачка.
Раперот наводно го прашал мажот дали некогаш имал орален секс, а откако тој одговорил негативно, се соблекол и му рекол дека мора да проба. Во тужбата се наведува дека Диди потоа го принудил мажот на орален секс, по што ја соблекол облеката и го силувал. Забавувачот, тврди тој, се разбудил следното утро и видел некој од куќата како му дава инфузија.
Човекот вели дека претрпел ментална и физичка болка, емоционална тортура, понижување и срам. Тужбата во негово име ја поднесе адвокатот Тони Базби, кој застапува 120 од наводните жртви на Диди.
“Како што веќе кажавме, г-дин Комбс не може да одговори на секое оправдување со дополнителен публицитет, дури и ако тоа е одговор на тврдењата кои се смешни и демонстративно лажни. Вистината ќе надвладее на суд: дека г. Комбс никогаш сексуално не нападнал некого или не организирал трговија со луѓе”, велат адвокатите на Диди.
За потсетување, раперот се наоѓа во притворот Метрополитен во Бруклин и го чека судењето кое ќе се одржи во мај оваа година. Диди беше уапсен во септември минатата година во хотелот „Парк Хајат“ во Менхетен, Њујорк, и беше обвинет за рекетирање и сексуална трговија.
Забава
Два хороскопски знака што се рамнодушни кон туѓите страдања
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-11-065132.jpg)
Некои луѓе имаат природна способност да сочувствуваат, додека други често изгледаат поладно или порамнодушно во ситуации кои бараат сочувство. Оваа особина може да потекнува од нивниот карактер, воспитување или дури и астролошки влијанија. Според астрологијата, луѓето кои се рамнодушни кон страдањата на другите се родени под овие хороскопски знаци.
Водолија
Ако некогаш сте плачеле пред Водолија, а тие ве гледале со нежна насмевка и ја смениле темата на моменталната политичка ситуација или најновите иновации во технологијата, тогаш знаете за што зборуваме. Овој воздушен знак е познат по својата интелектуална дистанца и способност да ги остави емоциите настрана. Нивниот мозок едноставно работи на повисока фреквенција.
Додека зборувате за вашето разочарување кај пријателите, Водолијата размислува како да го реши глобалното затоплување или да смисли социјална реформа. Емоционалните „драми“ често им изгледаат тривијални бидејќи се фокусирани на „поголеми проблеми“. Нивната рамнодушност не е од злоба, туку од верувањето дека чувствата се минливи, додека напредокот е постојана мисија.
Затоа, ако го сакате вниманието на Водолијата, обидете се да му го претставите вашиот проблем како филозофско прашање.
Јарец
Јарците се организирани, практични и фокусирани на успехот. Но, кога станува збор за емоционалните проблеми на другите луѓе, се чини дека тие не се многу добри во обезбедувањето утеха. Овој земјен знак едноставно не разбира зошто би губел време со плачење кога би можел да ја пренасочи таа енергија во конкретни решенија.
Зошто Јарците често изгледаат ладни? Нивниот внатрешен глас постојано им вели: „Проблем? Решете го или тргнете се од патот“. Јарците не сакаат одолговлекување или зависност од другите, па често ќе нудат суви совети како „Земете ги работите во свои раце“ и „продолжете да работите на вашата табела на Excel“.
Нивната рамнодушност произлегува од практичноста, а не од недостатокот на емпатија. Длабоко во себе, тие веруваат дека сочувството не помага освен ако не е проследено со конкретна акција.