Македонија
Закажано е судење за случајот „Поткуп“
Во Основнит суд Скопје 1 за во 10 часот е закажано рочиште за случајот „Поткуп“ во којшто е обвинет лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
Овој случај се уште не е почнат, во март се одложи поради неприсуство на адвокатите на Заев и судењето беше презакажано за на 21 април. Ова рочиште не се одржа бидејќи тогаш се уште на сила беше одлуката за аболиција на претседателот, Ѓорге Иванов кој го помилува и Заев. Со повлекувањето на аболицијата, судењето е закажано за во четврток, а судијка во овој случај е Дијана Груевска-Илиевска.На минатото рочиште во судницата присутен беше и струмичкиот бизнисмен, Иван Николов – Сачевалиев, од кој Заев наводно барал поткуп.Заев за овој случај тврди дека е „наместен“ и обвини дека бил прислушуван неовластено пет години.„Се работи за комплетно местење, никаде во светот нема поткуп без примање или давање пари. Секако ние поднесовме кривични пријави и против човекот кој се обидува да мести поткуп заедно, во организација со обвинителот, кој го прават надвор од сите законски процедури. Воспоставено е физичко следење, следење на моите телефони, никако не можеме да дојдеме до наредбите кои имаме право да ни бидат доставени“, изјави Заев.Заев досега не е повикан ниту како сведок, ниту како осомничен кај Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.Не се знае дали овој случај ќе го преземе Специјалното јавно обвинителство, кое го побара од Јавното обвинителство, но оттаму не го предадоа предметот. Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.Според обвинението, една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.Заев тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

