Контакт

Македонија

СЈО по една година – многу очекувања, многу отворени случаи, обвиненија нема

Објавено пред

Помина една година откако јавноста дозна за Катица Јанева, кога преку ноќ сите четири политички партии се согласија токму таа да биде Специјален јавен обвинител кој треба да го расчисти криминалот во државава по објавувањето на прислушуваните разговори.

dobivaj vesti na viber

Ова име на 15 септември минатата година беше непознато за целата македонска јавност и за медиумите, но за многу брзо време стана едно од најспоменуваните имиња во препукувањата меѓу политичките партии. За владејачката партија Јанева и нејзините обвинители работат за СДСМ, а на опозициската СДСМ којашто и предаде на Јанева 546.948 фајлови со прислушувани разговори, таа е надеж за, како што велат, враќање на правната држава. На годишнината од изборот на Јанева, Специјалното јавно обвинителство треба да го објави вториот шестмесечен извештај за својата работа. ОД СЈО не ни одговорија дали Јанева ќе го презентира јавно извештајот или како и минатиот пат, тој ќе биде само доставен до Собранието и Советот на јавните обвинители и јавно објавен на веб страницата на Обвинителството. Пред шест месеци Јанева, токму во првиот извештај најави дека во најскоро време може да се очекуваат првите обвиненија, но оттогаш поминаа шест месеци и досега не е покренато ниедно обвинение. Сегашни и поранешни функционери беа на распити во Основниот суд Скопје 1, но и во Специјалното јавно обвинителство, а само еден од осомничените функционери, градоначалникот на Битола, Владимир Талески е во куќен притвор. Сите други осомничени функционери кои беа на распит се на слобода, иако за некои од нив СЈО бараше притвор или мерки за претпазливост. Нема информации колку вкупно истражни и предистражни постапки има отворено СЈО. Во првите шест месеци СЈО реферираше дека во првите шест месеци Обвинителството отворило вкупно 150 предмети.Триесет од предметите се во истражна постапка, а 120 се предистражни постапки.Специјалното јавно обвинителство досега јавно презентираше пет случаи кои се наоѓаат во истражна постапка и за овие случаи побара мерки за обезбедување на дел од осомничените. Првиот случај „Титаник“  во којшто првоосомничени се поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар Кирил Божиновски беше изненадување за јавноста. Јанкулоска и Јанакиески тогаш се појавија во судот, но не додоа изјави. Обвинителството за нив бараше притвор, но Судот ги одби барањата на СЈО. Обвинителството ги товари дека целосно ги криминализирале изборите во 2012 година со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смеат да бидат. На изборниот процес се влијаело и со насилство, поткупи, злоупотреба на државни капацитети за партиски цели, злоупотреба на медиумите, злоупотреба на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања.Обвинителството бараше мерки за претпазливост против шестмината осомничени во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.За првоосомничениот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков немаше барање за притвор бидејќи Обвинителството смета дека не постои опасност од бегство и нему не му беше одземена ниту патната исправа.Во овој случај осомничен е и актуелниот командир на „Алфите“, Ивица Антевски Пуки, кој учествуваше во апсењето на Бошкоски.„Тврдина“ е третата истрага на СЈО во која има петмина осомничени кои се товарат дека ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујевски, кој беше началник на Петтата управа на МВР, второосомничен е шефот на Кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, а третоосомничена е Јанкулоска. Таа беше на распит во Судот и за овој случај, но за разлика од првиот пат кога се појави во Судот таа даде изјава за медиумите и тврдеше дека не сторила ниту едно кривично дело и дека СЈО работи по инструкции на СДСМ.Во овој предмет не беа определени мерки за претапзливост за никого, освен за Грујевски за кого СЈО бараше притвор, но Судот му го одзеде пасошот.Од функционерите во притвор заврши само градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за случајот „Транспортер“, односно за малверзации со ученичкиот превоз.Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.Во Основниот суд на распит беше и поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за кого Обвинителството побара мерки за претпазливост за случајот „ТНТ“ во којшто е осомничен заедно со Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.За нив е отворена истражна постапка за незаконско рушење на станбено деловниот објект „Космос“, во сопственост на бизнименот, Фијат Цановски, кое, според СЈО, било направено заради политичка одмазда. Од случаите кои се во рацете на СЈО, единствено случајот „Пуч“, во којшто осомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во судска процедура, а судењето продолжува в петок./крај/ффс

Македонија

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Објавено пред

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.

dobivaj vesti na viber

„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.

Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.

Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.

Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Објавено пред

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.

Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.

„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.

Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.

Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.

Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.

Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.

Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.

„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ

Објавено пред

„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.

„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.

Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.

Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија12 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија13 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија13 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија14 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија15 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија16 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет16 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија17 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет18 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет19 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион19 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет19 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа19 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет19 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија2 дена

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....