Контакт

Македонија

Нови 125 војници во редовите на АРМ

Објавено пред

Министерството за одбрана и Владата продолжуваат со политиката на прием на професионални војници и пополнување на Армијата на Република Македонија, а во вторник првата група од 125 професионални војници за оваа година стапи на должност.
 

dobivaj vesti na viber

„Веднаш почнуваме и со нов конкурс за 90 професионални војници и 25 лица со високо образование со специфична струка која и е потребна на Армијата, како лекари, психолози и инженери“, рече министерсот за одбрана, Зоран Јолевски на свеченоста за прием на 125 професионални војници, која се одржа денеска во скопската касарна Илинден.Министерот додаде дека 48 од 125-те војници го завршија и 24-дневниот селективен курс и ќе бидат дел од специјалните единици, додека останатите ќе ги пополнат другите единици на Армијата. „Професионалните војници поминаа низ сериозен и ригорозен тест за проверка на нивните способности“, порача министерот Јолевски. Пополнувањето на Армијата со исклучително способен кадар продолжува со питомците кои оваа година ја завршија Воената академија, додека перманентно е отворен и Конкурсот за пилоти во Центарот за обука на пилоти. „Во текот на ове денови тече процесот за селекција на земја, за кандидатите кои веќе се пријавија, кои се со високо образование и одлично познавање на англиски јазик. Воедно минатата недела отворивме и нов конкурс за втората група на кандидати за пилоти кои обуката треба да ја започнат оваа година“, информираше министерот. Во рамките на новопримените професионални војници, шест се припаднички на женскиот пол. Во следните три месеци овие професионални војници ќе поминат низ дополнителна обука, по што ќе бидат распоредени во единиците на Армијата на Република Македонија./крај/со/бб

Македонија

Врнежи од снег на повеќе патни правци, нема пречки за одвивање на сообраќајот

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Скопје

Центар и Аеродром денеска без струја

Објавено пред

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови на Центар и Аеродром.

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од улицата Преспанска, Маџармаало, општина Центар;

– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од дел од улицата Мите Богоевски 2, дел од улицата Мите Богоевски 6, дел од улицата Мите Богоевски 3, дел од улицата Мите Богоевски 4, во општина Аеродром;

– во периодот од 06.30 до 19.00 часот, корисниците од пат за Горно Лисиче, Лисец, Улица 1627, околина Црква Св Петар и Павле, Колдакопласт, Биолаб во општина Аеродром.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Објавено пред

Променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје утрото студено, во текот на денот умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин, на многу начини, веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Свет1 час

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе започне „нова војна“ во Појасот Газа што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет1 час

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако во...

Свет1 час

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и...

Македонија11 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија16 часа

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија18 часа

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија19 часа

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија20 часа

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија20 часа

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија20 часа

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија20 часа

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...

Топ21 час

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес...

Македонија22 часа

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа23 часа

Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет1 ден

(Видео) Снежна лавина блокира хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи кога лавина блокира три хотели во...

Свет1 ден

Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е поведена петиција оваа европска...

Европа1 ден

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија2 дена

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...