Македонија
Трајановски: Во Ченто и Стајковци најкритично, активиран и Управувачкиот комитет за справување со кризи
Четири екипи веќе се пратени во населбите Ченто и Стајковци, два чамца се пратени од противпожарната единица, ангажирани се припаднции на специјална полиција и навојската а координацијата се прави на лице место, на последна автобуска постојка од бројот „45“, каде е најкритичното место, изјави ноќта кон неделата градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
„Тука е најкритично со оглед на тоа дека од Скопска Црна Гора преку Булачани дојде огромно количество вода и избиена е целата во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково. Пруситни се припаднции и на војската и на полицијата, противпожарната единица, а и приватните компании се вклучија со нивна механизација, правиме сé што можеме. Целта ни е да се пробие обиколницата, бидејќи таму има одрони, многу возила и донесена е механизација да се расчисти патот“, изјави за новинарите Трајановски кој ноќта ја посети скопската населба Ченто и додаде дека механизација е пратена и на Усјанскиот канал.
Моментално градоначалникот Коце Трајановски го раководи скопскиот кризен штаб кој дејствува на повеќе локации во насока на справување со последиците од обилните врнежи и предизвикани поплави.
Скопскиот кризен штаб е во постојана координација со Владата и институциите на национално ниво, како и со АРМ.
во меѓувреме вицепремиерот Никола Тодоров, кој претседава со Управувачкиот комитет за справување со кризи закажа вонреден состанок на комитетот кој е предвидено да се одрзи утре во 10:30 часот во просториите на Центарот за управување со кризи. На состанокот се очекува присуство на сите надлежни институции од централно ниво и од локално ниво од зафатените подрачја.
Процените е дека заради обемот на загрозувањата од обилните врнежи и поплавите кои ги надминуваат локалните можности, потребно е ангирање на системот за управување со кризи.
Шест тима на АРМ се ангажирани во Стајковци каде пружаат помош во санирање на последиците од поплавите кои во саботата попладнето го зафатија скопскиот регион. Според информациите, хеликоптер е во приправност да дејствува од 5,30 часот утрото во недела по видно време. Тим за извидување се наоѓа на правецот кон Шипковица за помош во наредниот период.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е моментално во скопско Сингелиќ, каде има багери и градежна механизација. На терен се единици на Единица за брзо распоредување и на АРМ. Се евакуираат луѓе од поплавените куќи./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

