Македонија
Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на СЈО, едно од клучните барања на „Шарената револуција“
Уставниот суд во среда нема да ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, потврдуваат од Уставниот суд, иако ова е едно од барањата на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“ којашто два месеца протестира и организира герила акции против владејачките политики.
Од Судот велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за во среда во 9 часот. Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство е распределена за работа кај судија известител, но се уште не е ставена на дневен ред. Уставниот суд одржува седници секоја среда, а токму утре е последниот ден кога би можела да биде ставена на дневен ред оваа иницијатива за да се исполни барањето на „Шарената револуција“, до 18 јуни овој Суд да се произнесе за уставноста на СЈО.Освен ова, граѓаните кои ја поддржуваат „Шарената ревлуција“ бараат да се запре прогонот на демонстрантите, односно да се повлечат сите пријави од Министерството за внатрешни работи заради учество во протестите.На членовите на партијата „Левица“ кои беа притворени заради учество во толпа која ја демолираше Народната канцеларија на Претседателот во петокот им беше укинат притворот, но тие сé уште не се на слобода, бидејќи одлукта сé уште не била правосилна./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

