Македонија
МНР: Нема повредени Македонци во Ница

Во синоќешниот напад во францускиот град Ница, нема повредени или загинати македонски граѓани, информира македонското Министерство за надворешни работи.
„Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Ница, Франција и најостро ги осудува овие напади во кои животот го загубија над 70 граѓани, а неколку десетици се повредени. Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани“, велат од МНР. За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Франција, од МНР ги упатуваат заинтересираните да се обратат во македонската амбасада во Париз.
Телефони: +331 45 77 89 63; +331 45 77 10 50; +331 45 77 10 73Мобилeн телефон: +33 670 45 16 58Адреса: 5, rue de la Faisanderie, 75116 ParisЕ-пошта: [email protected]
Инаку, најмалку 80 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во францускиот град Ница кога напаѓачот, во четврток вечер, најпрвин пукал, а потоа со камион влетал на шеталиштето кое било преполно со луѓе./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.