Забава
Сите тајни на петок 13.
Митовите околу петок 13-ти може да ги доживееме како пропаганда, маркетиншки трик, празноверие или можеби непобитен факт. Фобијата од овој ден има и научен израз параскаведекатриафобија, а особено е интересно дека 15 проценти од научниците признаваат дека се плашат од тој ден.
Оваа година петок 13-ти доаѓа во комбинација со полна Месечина, па астролозите велат дека ваквата појава е навистина „баксузна”.
„Овој петок, Месечината ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе копнееме да добиеме три милиона на лото, но секако, нема ниту да отидеме да уплатиме ливче, а потоа во весниците ќе прочитаме дека некој извлекол седумка. Голем малер ќе ги зафати сите”, може да се прочита на интернет страниците за астрологија.
Без разлика дали верувате во астрологија или не, бројни научници и доктори тврдат дека полната Месечина влијае врз душевната состојба, само што за тоа не сме ни свесни ако претходно не прочитаме дека таа ноќ Месечината била полна. Се верува дека Месечината во периодот кога е полна, предизвикува голема агресивност во човекот, па дури и во душевните болници имаат посебна подготовка за полната Месечина.
Суеверните луѓе му придаваат големо значење на „баксузниот” петок 13-ти, па така се придржуваат до некои ритуали на овој ден и веруваат во некои факти. Ова се дел од нив: никогаш не ја менувајте постелнината на тој ден бидејќи ќе имате ноќни кошмари; не ги сечете ноктите бидејќи носи тага; осумдесет отсто од облакодерите во светот немаат 13-ти кат; аеродромите немаат 13-ти излез; хотелите и болниците немаат соба со број 13.
Уште неколку факти говорат за „застрашувачкиот” петок 13: многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок, во Формула 1 не постои болид со бројот 13, имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper,John Wayne Gays, Charles Manson, Jeffres DahmerЈеффрес, Theodor Ted Bunds, поранешниот претседател на САД, Френклин Рузвелт одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера. Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13-ти октомври 4772 година.
Научникот и математичар од универзитетот Делвер, Томас Фернслер во својот натпис во Национална географија пишува дека бројот 13 го смета за несреќен само поради тоа што доаѓа по 12. Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.
Според библиското и историско верување бројот 13 носи несреќа бидејќи на последната Исусова вечера имало 13 гости, и Велики Петок постоел затоа што тоа е денот на распнувањето на Исус. Јуда бил „тринаесеттиот” апостол, а тринаесеттото племе на Израел било единственото племе кое останало без сопствена земја.
Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
Во норвешката митологија, пак, богот Один и неговите 11 најблиски пријатели се собрале на забави и си поминувале убаво сé додека Локи, богот на злото и немирот, не се појавил непоканет, како тринаесетти гостин. Според легендата, богот на уживањето Балдер, се обидел да го исфрли Локи од куќата, а за време на препирката, го погодила смртоносна стрелка од имела. Балдер е убиен, а Земјата била обвиткана со темнина и смрт./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

