Македонија
Продолжува собраниската расправа за импичментот на Иванов
Собранието; во вторник, продолжува со расправата по предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, поднесена од пратениците од СДСМ, а поддржана од владејачката ДУИ.
Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна во понеделникот, а минатата недела собраниска Комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ и заклучи дека е неоснована.Рената ТренескаДесковска од СДСМ образложувајќи го Предлогот рече дека основнапричина за поднесувањето на иницијативата е отсуство на секаква одговорност иарбитрарното однесување на актуелната власт.„Тој со дадените аболиции сакаше да ги затвори вратите за правдата, правичноста, еднаквоста и одговорноста во Република Македонија. Всушност тој сакаше да ги затвори вратите за решавање на кризата бидејќи кризата ќе заврши кога во Македонија повторно ќе се воспостави правната држава и правдата“, рече Дескоска.Толкуваше дека со повлекувањето на дадените аболиции Иванов признал дека згрешил. „Призна дека неговите мотиви беа тесно партиски, а не државнички. Призна дека неговото однесување беше крајно неодговорно. Призна дека долеа масло на огнот и ретерираше, но тоа не го амнестира од одговорност“, рече таа.„Неговото повлекување на аболициите треба да биде проследено со негова оставка. Ова Собрание денес е исправено пред тестот на Уставот, пред тестот на граѓаните, но и пред тестот на историјата, дали ќе го врати принципот на одговорност во Република Македонија“, рече Дескоска.Смета дека Иванов како претседател се ставил во одбрана на најтешкиот криминал.Претседателот на Комисијата која требаше да ја оценува основаноста за покренување на постапката, Зоран Илиевски, соопшти дека Комисијата заклучила дека предлогот не е основан.Комисијата е составена од 11 членови, во која мнозинство се пратениците од владејачката партија.„Претседателот во вршењето на своите права, не ги прекршил Уставот и законите. Ние мислиме дека Уставот не е прекршен, оти тој утврдува право на Претседателот да дава помилување“, рече Илиевски од собраниската говорница.Според бројот на пријавени пратеници, се очекува дебатата да трае неколку дена. Задонесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

