Забава
Јапонија ќе инсталира тоалети во лифтовите поради честите земјотреси
Јапонија размислува да воведе тоалети во лифтовите и да обезбеди резерви со вода за итни случаи по сé почестите земјотреси во оваа земја, изјави во средата претставник од Здружението на производители на лифтови.
Претставници од министерството за градежништво и здруженијата за индустрија на лифтови на состанок се согласиле да ја разгледаат идејата за воведување тоалети во лифтовите.Одлуката е донесена откако десетици граѓани останаа жедни и заглавени во лифтови, некои и повеќе од еден час, по земјотресот со магнитудата од 7,8 степени според Рихтеровата скала којшто во саботата ја погоди Јапонија.Иако повеќето од лифтовите запреле на првиот следен кат и нивната врата се отворила, 14 лица останале заробени меѓу катовите.За инсталација на тоалетите можно е да се користат картонски структури на расклопување со водоотпорни торби однатре или со материјал којшто апсорбира течност.Во некои од лифтовите коишто се изградени неодамна постојат места за седење, кои се направени поради сé поголемиот број лица од постарата популација, па единствениот начин за инсталирање на такви тоалети би бил под седиштата.Од 620.000 јавни лифтови во комерцијалните згради во Јапонија, 20 отсто од нив се во Токио. Јапонија лежи на судирот на четири тектонски плочи, па често има силни земјотреси во оваа земја.Сеизмолозите најавуваат дека престолнината сигурно ќе ја погоди силен земјотрес во наредните неколку децении, а според процените на владата, тоа може да зароби околу 17.000 луѓе во лифтовите. Епицентарот на земјотресот којшто ја погоди Јапонија во саботата, беше на околу 900 километри јужно од Токио, во Тихиот Океан, но се почувствува ширум земјата. Во земјотресот нема загинати, а 12 лица се повредени./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.