Контакт

Култура

Заеднички концерт на Дерик Меј и Македонска филхармонија во Охрид

Објавено пред

Со еклектричниот настап на култниот детроитски диџеј Дерик Меј и Македонската филхармонија во автентичниот простор на Античкиот театар во Охрид на 2-ри август, в сабота Македонија ќе биде ставена на светската музичка мапа. 

dobivaj vesti na viber

Организаторите најавуваат досега невидено шоу на овие простори. 

Дерик Меј е долгогодишен пријател на Македонија. Досега има настапувано преку десет пати на различни сцени низ земјава, која ја сака, во која стекна пријатели, во која ужива во природните убавини и културни наследства и чија храна ја обожува. 

На овој значаен ден за Македонија, 2-ри август, под отворено небо, љубителите на музиката, ќе имаат можност да присуствуваат на несекојдневен музичко-сценски спектакл насловен „Музика Универзалис“. 

Легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, ќе настапи заедно со Македонската филхармонија, а за оркестарските аранжмани на музиката на Меј, е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан. 

Оркестарот ќе биде збогатен и со магичниот звук на пијаното, во изведба на нашата афирмирана пијанистка Емилија Потевска. Идеен творец и продуцент на овој настан е Огнен Узуновски – Оги, сопственик на продуцентската куќа „Излет мјузик“ и најблискиот пријател на Меј во Македонија, еден од неколкумината луѓе од светот, кој бил неколку пати досега гостин на Дерик Меј во неговиот дом и студио во Детроит. 

Проектот е под покровителство на Министерството за култура. Концертот ќе претставува фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, специфични костими. За останатото од екипата велат треба да се види за да може да се доживее.                                                                

Огнен е идеен творец и продуцент на овој музички спектакл, за кој вели дека идејата си дошла многу спонтано и природно. Тој ја следи детроитската музичка сцена веќе подолго време и негов впечаток е дека таа е блиска до нашиот традиционален начин на доживување на музиката. 

„Со организацијата на првиот настан од проектот наречен „Точка на топење“, кој се случи 2000-та година во Охрид, се запознавме и лично со Дерик Меј, кој сосема нормално се вклопуваше во оваа идеја за соединување на овие два музички концепти. На почеток личеше на идеја, која е сложена за реализација, но откако го запознав Џијан Емин, целиот концепт стана реалност“,  вели Узуновски. 

Дерик Меј е познато име за македонската публика. Тој е еден од пионерите на техно-сцената во Детроит, а критиката го нарекува Мајлс Дејвис во светот на техно-музиката поради неговиот оригинален, комплексен и меланхоличен стил. Од ладните и безживотни машини, Меј создава топлина, продуховеност и фантастична инспирација. Неговите настапи се познати по тоа што тој има ретка моќ публиката да ја доведе до лудило. Овој негов најнов проект со симфониски оркестар, ќе ја соедини артифициелната музика со благородниот звук на класичните инструменти. Меј ќе настапи со музика создавана во текот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години. 

„Таа компилација на музика остави силен печат во современата електронска музика. Многу сум задоволен од оркестрацијата на Џијан. Работејќи на проектов стекнав доверба во квалитетот на македонските музичари, кои се инволвирани и затоа сум убеден дека мојата музика, заедно ќе ја претставиме на вистински начин  во Античкиот театар во Охрид. Едвај чекам!“, вели тој.крај/мф

Култура

„Зимски Македокс“ на „Синедејс“

Објавено пред

Од

Фестивалот на креативен документарен филм со настанот „Зимски Македокс“ ќе гостува во програмата на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“, кој од 3 до 10 декември ќе се одржи во МКЦ и во Кинотеката. Од 5 до 7 декември, во рамките на програмата на 24. „Синедејс“, ќе биде прикажан избор на долгометражни победници од 16-тото издание на фестивалот „Македокс“.

dobivaj vesti na viber

Програмата на „Зимски Македокс“ е составена од три наградени документарни остварувања. На 5 декември, во 19 часот, во МКЦ – Денсинг салата, ќе биде прикажан филмот „Ниедна друга земја“ на Басел Адра, Хамдан Балал, Јувал Абрахам, Рејчел Зар. Влезот на филмот е слободен.

На 6 декември, во 21 часот, во МКЦ – Денсинг салата, ќе биде прикажан филмот „Фиуме или смрт!“ на Игор Бежиновиќ. Билетот за проекцијата чини 200 денари.

На 7 декември, во 20 часот, во Кинотеката на РСМ, ќе биде прикажан документарниот филм „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ. Билетот за проекцијата чини 200 денари.

Настанот „Зимски Македокс“ е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и од платформата Movies that Matter.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот виртуоз на виолина Владимир Костов и камерниот оркестар „Профундис“ ја носат магијата на Candlelight во срцето на Битола

Објавено пред

Илјадници свеќи ќе го осветлат Центарот за култура во Битола на 6 декември кога ќе се одржи првиот концерт Candlelight во овој град – исклучително музичко и визуелно доживување во изведба на камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестро Ѓурѓица Дашиќ.

dobivaj vesti na viber

На ова специјално издание како солист ќе настапи Владимир Костов, концерт-мајстор на Македонската филхармонија и еден од најценетите македонски виолинисти. Со својата префинета техника, емоционална длабочина и сценска харизма, Костов ја освојува публиката на сите континенти.

Во рамките на концертот ќе биде изведена ексклузивна програма составена од ремек-дела на светската и домашната музичка литература, меѓу кои: St. Paul Suite од Густав Холст, Четири годишни времиња од Антонио Вивалди и Македонско капричо бр. 1 од Драган Шуплевски.

„Овој концерт е особено значаен затоа што првпат ја носиме уникатната атмосфера на концертите Candlelight во Битола. Под светлината на свеќите музиката добива нова димензија – интимна, топла и полна со емоции. Програмата е внимателно избрана за да ја долови магијата на класичната музика во едно сосема поинакво светло“, изјави маестро Ѓурѓица Дашиќ.

Владимир Костов, роден во Битола, има блескава кариера со настапи на некои од најреномираните светски сцени: Берлинската филхармонија, „Концертхаус“ – Виена, „Линколн центарот“ – Њујорк, Универзитетот „Харвард“ и многу други. Добитник е на престижната награда „Георги Божиков“ и е основач на фестивалот „Виолин фест“. Со својот интерпретативен сензибилитет и извонредна техника Костов претставува симбол на современата македонска виолинска школа.

Инаку, концептот на Candlelight – концерт на свеќи, е светски признат тренд, кој ја трансформира традиционалната концертна атмосфера во интимно и емотивно доживување. Илјадници свеќи го обвиваат просторот во топол сјај создавајќи симбиоза меѓу звукот и светлината, која ја приближува публиката до суштината на музиката.

Прикажи повеќе...

Култура

Овој декември филмот „Мајка“ ќе се прикажува во 𝟤𝟥𝟢 киносали во Франција

Објавено пред

Филмот „Мајка“, најновото остварување на Теона Стругар Митевска, од 3. декември официјално почнува со дистрибуција во Франција. Премиерата во Париз помина со исклучителен интерес. UGC Bercy беше целосно распродаден, а проекцијата во Pathé Convention се одржа со висока посетеност, што го потврдува зрелиот интерес на француската публика.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на промотивната турнеја, филмот беше претставен пред водечките француски медиуми меѓу кои Télérama, Europe 1, INA, Elle и Le Journal du Dimanche, со силно позитивни критики. Критичарите ја истакнуваат тематската длабочина, авторската зрелост и уметничката актуелност на филмот.

Само во октомври и ноември „Мајка“ беше прикажан на 26 меѓународни фестивали каде доби значајно внимание и позитивни оценки од стручните жирија. Филмот е веќе продаден за дистрибуција во повеќе од 40 земји, што сведочи за неговиот силен глобален досег.

Особено пофалени се актерските интерпретации. Номи Рапас се издвојува со една од нејзините најсилни изведби, а Никола Ристановски носи суптилен и емотивно комплексен настап кој остави длабок впечаток меѓу европските гледачи и критичари.

Филмот е потврден за прикажување во 230 киносали во првите две недели, во комбинација од arthouse простори и големи комерцијални кина. Дополнително, 600 киносали низ Франција го имаат вклучено филмот во своите долгорочни репертоари, што претставува редок и значаен опфат за регионален филм во францускиот дистрибутивен систем.

„Мајка“ оваа есен имаше силно присуство на меѓународната фестивалска сцена, меѓу другите во London FF, Ghent FF, Cannes Rencontres Cinématographiques, Arras FF, Geneva IFF, Mannheim Heidelberg, Seville FF, Haifa FF, Thessaloniki FF, Ljubljana FF, Tallinn Black Nights, како и на прекуокеанските фестивали во Рио де Жанеиро, Токио, Колката и Маракеш. Значајна е и селекцијата на Camerimage FF во Лоџ Полска, еден од најпрестижните фестивали за директори на фотографија.

Во декември филмот пристигнува и пред домашната публика. „Мајка“ ќе биде на редовниот репертоар во Кинотека на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија7 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија12 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија15 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија16 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија17 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија18 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија18 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија19 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија20 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет21 час

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет21 час

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет22 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион22 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа1 ден

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет1 ден

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија1 ден

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија2 дена

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...