Македонија
Шарената револуција со ироничен гест газеше по програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Со извици „Оваа Влада не чини“ и скок врз програмата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите од Шарената револуција иронично одговорија на изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој во интервју објаснуваше дека слушнал како на обуки на невладините организации, активистите биле поучувани да се качат на маса и да скокаат врз отчетот на партијата извикувајќи „Оваа Влада не чини“.
Во четвртокот во осумнаесет часот, повторно се собраа демонстрантите од Шарената револуција пред Специјалното обвинителство и дадоа поддршка на оваа институција и нејзината работа.Потоа заминаа пред зградата на Владата каде на улицата ја напишаа познатаа порака од починатиот новинар Никола Младенов – „Колку чини слободата. Ние сакаме општество на слободни луѓе. Тие сакаат збирштина од безрбетници и тука нема компромис“.
Неможејќи да се пробијат до владата не ја обоија, но во импровизирана кутија собираа донации за да може да се продолжи со боењето на улиците. На асфалтот го отпечатија ликот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Демонстрантите вечерва повторно го обоија и законодавниот дом, со катапултот со балони во боја со кои го гаѓаа Собранието, додека присутните со големи аплаузи и факели го проследуваа бојадисувањето.На разглас пред Собранието пуштаа дел од опозициските бомби, а и вечерва се собираа доброволни писмени изјави од демонстранти кои сакаат да се потпишат како хулигани поради учеството на протестите и боењето на институциите.Демонстрантите на Шарената револуција ги гореа сликите на Митко Чавков, Јелена Жугиќ, Ѓорѓе Иванов и Трајко Вељаноски, бараа оставка, а протестот го започнаа со гумените кукли со лисици на рацете, во ликовите на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.
Демонстрантите порачаа дека не отстапуваат од барањата, на улица ќе бидат се додека не се повлече аболицијата и не падне, како што велат, режимската власт. На демонстрантите им се придружија и членови на опозициската СДСМ, кои одржаа и говори во рамки на протестите.Протести вечерва се одржаа и во Струмица, Крива Паланка, Виница и Куманово. /крај/мф
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.