Македонија
СДСМ: Власта го потпомага преземањето на Макпетрол за да ја замолчи Телма
Дали власта на ВМРО-ДПМНЕ преку молчење на државните институции го потпомага преземањето на Макпетрол, за да се замолчи телевизија Телма пред избори, праша пратеникот Томислав Тунтев, а премиерот Емил Димитриев тврди дека институциите работат законски.
Тунтев, на собраниската седница наменета за поставување пратенички прашања, рече дека заинтересираната фирма за преземање на нафтениот гигант во Македонија, Макпетрол е со сомнително потекло, и дека македонските институции треба да се позанимаваат со тоа кој сака да го преземе Макпетрол, ако се знае неговото влијание врз финансискиот систем во Македонија.Но, потенцира, место тоа, дури и поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, „презеле мерки за напад врз Макпетрол и ги информирале блиските до нив акционери на друштвото да се ослободат од акциите, затоа што ќе се случи обезвреднување на фирмата и ќе се продаде“.Премиерот, Емил Димитриев, рече дека се работи за проблематика која тангира акционерско друштво, кое согласно законите има обезбедено присуството на берза, а со тоа и можност за купување акции. „Ако го ставиме во контекст на политиката ќе направиме штета и на Макпетрол и на телевизијата, која беше спомната. Тврдам дека владата и институциите ќе си одговорат професионално онаму каде се надлежни. Се што се работи на Берзата ќе биде согласно закон“, додаде Димитриев.Инаку, обидот за преземање на Макпетрол од страна на неодамна основаната офшор компанија со потекло на Кипар и Британските Девствени Острови, „Балкан Петролеум“, и натаму ја преокупира македонската јавност. Во овој обид се вмешани сомнителни бизнисмени кои во биографиите имаат редица матни зделки и пропаднати компании, како романската рафинерија „Рафо“, која ја презеле во 2003 година, по што ја распродале, ја затвориле и оставиле илјадници работници на улица.Сè уште нема ниту одговор од македонските институции на писмото од Европската енергетска заедница, во кое се бара да се истражат бројните сомнежи околу луѓето во „БХПЛ“ и потеклото на нивните пари./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

