Македонија
Ќе се предложи прогласување на вонредна состојба, екипите на терен спасиле 1.000 граѓани
Управувачкиот комитет за справување со кризи којшто се состана утрово во Центарот за управување со кризи, ќе предложат до Владата прогласување на на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион, соопшти Вицепремиерот и Министер за здравство, Никола Тодоров.
На состанокот било договорено да се формираат комисии за проценка на штета која веднаш ќе врши прценки, како што ќе се расчистува теренот.
Екипите кои 15 часа биле на терен спасиле 1.000 граѓани и се уште се отстрануваат последиците од силните невреме, а од утринава од 6 часот со хеликоптер се пребарува терентот за евентуални други жртви.
„Почнавме со ваква систематска активност со прочешлување на целиот терен. При овие пребарување беа најдени неколку починати лица во рамки на оваа бројка. Искрено сочувство до семејствата на сите кои претрпеа сериозна загуба, до сите граѓани на Град Скопје. Фокусирани сме на пребарување на целиот терен и извлекување на оние кои се во загрозениот регион, обезбедување на сместување, храна, вода, испумпување на надојдената вода од поплавените куќи“, изјави Тодоров.
Досега официјално во невремето загинаа 17 лица, 22 се повредени и шест исчезнати, а неофицијално бројката на загинати достигнува и до 20 лица. Најпогодени се селата Стајковци, Сингелиќ, Арачиново и Смилковци.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека екипите работат на терен, со механизација од јавните претпријатија, но и од приватни фирми се санираат штетите, се испумпува водата од подрумите и куќите .
Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, којашто беше најпогодена од невремето, соопшти дека формирани се два пункта за помош на граѓаните, едниот е диструбитивен во училиштето „25 Мај“ и таму оштетените ќе можат да добијат вода, храна и средства за хигиена и еден прифатен пукнт во училиштетот „Наум Наумовски – Борче“, каде ќе бидат прифатени сите граѓани чии домови настрадаа и немаат место каде да бидат сместени.
Од Центарот за јавно здравје препорачаа да не се пие водат од бунарите, да се пие флаширана вода и вода од цистерни, да не се употребува зеленчукот од поплавените дворови, децата да не играа во дворовите во поплавените подрачја и сите кои ќе почувствуваат некакви здравствени проблеми да се јават во прифатните центри или во Центарот за јавно здравје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на „Фејсбук“, граѓаните да не наседнуваат
Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче. Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки, велат од СДСМ.
„Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче. Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“.
Македонија
(Видео) Мицкоски: За делницата Градско – Дреново ги поздравуваме работниците, тие го направија ова да изгледа импозантно
„Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 евра. Три клучки, четири вијадукти, четири надвозници, три подвозници. Ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на работниците затоа што тие го направија ова да изгледа импозантно. Заедно да продолжиме да ја градиме Македонија!“ напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Експресниот пат Градско – Дреново во должина од 15,5 километри вчера беше пуштен во употреба.
Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново. Проектот е проценет на вкупна вредност од 37 милиони евра, од кои над 70 отсто се финансирани од фондовите на Европската Унија.
Македонија
Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата
Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат од Владата за протестите на дел од јавната администрација и за барањето поголеми примања.
„Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое учествуваат и на кое секогаш сме дискутирале за сите предизвици, избра да протестираат. Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите. Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност“, наведуваат од Владата.
Од таму посочуваат дека протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани.
„Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор сѐ со цел вистинско изнаоѓање решенија. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, кои не мислат ништо друго, освен собирање ситни политички поени на грбот на граѓаните“, соопштија од Владата.
Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување на колективниот договор. Претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денес, пред Министерството за култура, ја замоли опозицијата да не се лепи на протестот, а на Владата ѝ порача да не го меша УПОЗ со некој друг синдикат.